Студент на МИТ и ѕвезда во светот на технологијата се обидуваат да најдат начин да го спасат човештвото од астероидот што патува кон Земјата
rn
Главни улоги: Ијан Антони Дејл, Сантијаго Кабрера, Џенифер ФиниганrnrnЖанр: драма, научна фантастика, трилерrnrnКреатори: Елизабет Кругер, Крег Шапиро, Мет ЏЛ ВилерrnrnПремиера: 12 јули 2017rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=VvJRTIRzW2ErnrnИзгледа никогаш нема да ни здодее да измислуваме различни приказни за можното уништување на човештвото од страна на астероид. Најверојатно оваа фасцинација доаѓа од теоријата дека диносаурусите изумреле токму на овој начин, правејќи ни нам место за еволуирање. Како што многупати сме гледале досега, така и овој пат приказната започнува со откривање на огромен досега незабележлив астероид што се движи кон Земјата и што има потенцијал да предизвика изумирање на целото човештво. И секако, тој астероид го открива млад гениј, студент на факултетот МИТ кој потоа мора да соработува со најголемата суперѕвезда во светот на технологијата за заедно да најдат начин да ја спасат планетата и животот на неа.rnrn
rnrnИако на прв поглед делува примамливо и самата приказна има потенцијал, сепак оваа ТВ серија на моменти е многу здодевна. Темпото на развој на настаните е премногу брзо и нафрлано, не оставајќи ни доволно време да ги запознаеме ликовите, ниту пак да сфатиме што точно се случува. На самата приказна ѝ недостасува длабочина што би можела да нè натера да се почувствуваме како да сме таму и нам да ни се случува тоа низ што минуваат ликовите, па затоа и вашето внимание може лесно да биде одвлечено екранот, дури и без да забележите. Но со оглед на тоа што самата тема има потенцијал, а и актерите се одлично избрани, можеби со понатамошните епизоди нештата ќе се подобрат. Останува да видиме…rnrn
