Според астрологијата, август конечно ќе ја обнови нашата инспирација и ќе ни донесе мир и топлина

Според астрологијата, август конечно ќе ја обнови нашата инспирација и ќе ни донесе мир и топлина

Како што предвиде астрологијата, јули беше навистина емоционално експлозивен месец, барем за повеќето луѓе. Но следниот месец, август, е време кога инспирацијата на луѓето конечно ќе излезе на површина после катастрофалната енергија од 2017 година.

spored-astrologijata-avgust-e-mesec-na-inspiracija-kafepauza.mk

Во август ќе има еклипса во Лав и Водолија, а ова ќе предизвика позитивни промени во размислувањето, инспирацијата, идеите и слично. Овие еклипси не само што позитивно ќе влијаат на Уран, планетата на мислењето и учењето, туку и на Лавот и на Водолијата што се знаци на креативноста, вештините, уметноста, музиката и на животот во целост.

Конечно, пред нас е месец со добра енергија. Месецот ќе започне мирно и без многу настани, а потоа околу втората недела од август ќе се случи првата еклипса и ќе ги зголеми чувствата на топлина и на добрина. Емпатијата, смиреноста и правилното размислување, како и некои други фактори речиси сигурно ќе го направат овој месец одличен.

На почетокот на месецот работите ќе бидат смирени и тивки за разлика од јули. А сето ова ќе кулминира со духовна енергија и енергија богата со емпатија.

Енергијата на Лавот е секогаш пријатна во почетокот на август, а неговата положба со Скорпија ќе им помогне на луѓето кои се мачат со темнината во овој период. Ако реалноста на светот ве вознемирувала, бидете сигурни дека во август вознемиреноста значително ќе се намали, а може и целосно ќе исчезне. Моментите на смиреност ќе кулминираат во топла и приземјена енергија на 9-ти август. На овој датум ќе има еклипса на полна месечина, а инспирацијата на луѓето значително ќе се зголеми по неа.

Неделата по првата еклипса ќе биде одлична. Луѓето ќе бидат полни со љубов и ова можеби ќе биде најдобриот период за многумина после долго време. Сепак, во средината на месецот можно е да се појави некаква „темнина“ кај колективниот ум, но тие лоши чувства брзо ќе поминат.

На 21-ви август ќе има еклипса на младата месечина, а ова е важен момент за многу луѓе. Кај многумина, особено кај уметниците, ќе се врати потребната инспирација.

Погледнете и кои се најсреќните денови во 2017 година за вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар