Допирот најчесто се смета за едно од помалку користените сетила, па се става на последно место додека пак, на видот и на слухот им се дава многу поголема важност. Но она што можеби не сте го чуле досега е дека физичкиот допир е всушност најважното и најкористеното сетило. Вие секојдневно сте во контакт со толку многу работи и луѓе, што едноставно не можете да не им дадете значење на сите овие допири. Во продолжение прочитајте зошто тој е клучен за вас и зошто е потребно што повеќе да го зголемувате.rnrn
rn
1. Физичкиот допир ви помага да заздравите
rnМасажите, акупунктурата и другите специфични лекови што вклучуваат допири се користат со векови. Допирот може дури и да ги исцели нашите умови – психолозите често користат допир за да им помогнат на жртвите на сексуален напад да ја вратат назад својата љубов кон себе.rn
2. Допирот помага при давање и добивање позитивна енергија
rnПостојат многу научни студии што ја поддржуваат оваа теорија. Позитивниот допир, како прегратка од пријател и држење за рака со саканата личност поттикнува ослободување на окситоцин, хормонот што прави да се чувствуваме подобро.rn
3. Допирот може да ви помогне да го добиете тоа што го сакате
rnКолкупати ви се случило со рака да допрете некого при обидот да му го објасните своето гледиште и вашето размислување скоро инстантно да биде прифатено? Тоа најчесто се случува и несвесно, а толку често што воопшто не се ни забележува.rn
4. Допирот ви помага да се поврзете со други луѓе
rnБлизината што ја чувствуваме со саканите е секогаш поддржана со физички допир, но тој може да ви помогне и при запознавањето нови луѓе. Се сеќавате на проектот „Бесплатна прегратка“ и како влијаеше тој на луѓето? Со само една прегратка се цртаа насмевки на лицата на сите што учествуваа.rn
5. Допирот помага при комуникацијата
rnКога разговараме, најчесто ги користиме рацете за гестикулации и допири со цел да ја нагласиме нашата мисла. На тој начин се создава поврзаност со чија помош полесно можеме да го искажеме тоа што го чувствуваме.rnrnПрочитајте ги и овие 4 причини зошто е добро секојдневно да гушкате некого.