Талентирани и оригинални: Планктонс ќе ви го раскажат нивниот „Сон“ и ќе ве запознаат со сурф рок музиката

Талентирани и оригинални: Планктонс ќе ви го раскажат нивниот „Сон“ и ќе ве запознаат со сурф рок музиката

The Planktons се надежни музичари од Скопје кои многу ветуваат! Можеби сте чуле за нив, а можеби сте биле на некоја нивна свирка. Во саботата на 15 јули настапија и на познатиот Д Фестивал во Дојран.

Талентирани и оригинални: Планктонс ќе ви го раскажат нивниот „Сон“ и ќе ве запознаат со сурф рок музиката

Бендот постои веќе 2 години, а го сочинуваат Марко Трендафиловски на тапани, Кристијан Караџовски на гитара и Дарко Поповски на бас гитара. Тие се опишуваат како сурф рок бенд. Се збунивте? Станува збор за инструментален рокенрол кој се појавил во 60-тите години. Но, ќе им дозволиме на членовите од бендот да ни објаснат повеќе за овој музички правец во краткото интервју што следува…

Талентирани и оригинални: Планктонс ќе ви го раскажат нивниот „Сон“ и ќе ве запознаат со сурф рок музиката

1. Да почнеме со најактуелните случувања, а тоа е вашиот настап на Д Фестивал. Како би го опишале целото искуство со неколку збора?

Д фест е ептен супер настан. Супер си поминавме. Го поздравуваме Филип Попов кој е најзаслужен за нашиот настап на Д фестивал. Без него немаше да свириме таму. Нашиот првичен гитарист Кристијан Караџовски беше болен тој период и мораше да му најдеме замена, па затоа капа долу и почит за Филип Попов.

2. Драго ни е што на македонската музичка сцена секојдневно се појавуваат нови рок бендови со квалитетни и оригинални звуци. Кажете ни повеќе за музиката што ја создавате. Што е тоа сурф рок и на кој начин е застапен во вашите песни?

Пред сѐ, свириме инструментална музика која се создава благодарение на различната инспирација што спонтано ни доаѓа. Сурф рок е само еден од епитетите со коишто се карактеризира овој правец во рок музиката, со други зборови, карактерот на „планктонот“, т.е. првичните звуци на бендот. Сурфот не нѐ става во рамка, не ни ги ограничува размислувањата и пристапот кон музиката што ја правиме. Додека трае – среќни сме, после тоа – пак сме среќни.

Талентирани и оригинални: Планктонс ќе ви го раскажат нивниот „Сон“ и ќе ве запознаат со сурф рок музиката

3. Месецов ја издадовте и вашата најнова песна „Сон“ со минималистичко музичко видео и 2 реченици од кои едната гласи „Разликата помеѓу мене и градот е тоа што тој никогаш не спие“. Можете ли да ни објасните од каде потекнува идејата за оваа песна и како ја поврзувате со необичното музичко видео?

Така ни дојде. Спотот е креација на нашата несекојдневна инспирација.

4. Можеме слободно да кажеме дека ви претстои блескава иднина, бидејќи очигледно е дека се работи за талентирани музичари со интересни идеи. Кои се вашите планови за понатаму и каде можат да ве најдат луѓето на кои им се допаѓа вашата музика?

Нашите планови за понатаму се само да свириме, да работиме на случајот. Сите оние на коишто им се допаѓа нашата музика можат да нѐ слушаат на Јутјуб, да нѐ следат на Фејсбук на нашата фан страна и да се дружиме на нашите концерти, а за истите ќе бидете благовремено известени.

Талентирани и оригинални: Планктонс ќе ви го раскажат нивниот „Сон“ и ќе ве запознаат со сурф рок музиката

5. Покрај вашиот необичен музички стил, бендот може да се пофали и со необично име. Зошто Планктонс или The Planktons?

Фала ви на комплиментот за тоа дека нашето име е необично, ние сме скромни дечки. А како дојде до тоа, имавме групен разговор и се одлучивме за тоа име. Планктони се стара жива форма која се јавува во водни средини, во најразлични облици и форми, исто како и нашата музика.

6. За крај, од кои бендови добивате инспирација? Кои песни би им ги препорачале на нашите љубопитни читатели?

Инспирација добиваме од најразлични музички изведувачи од целиот свет. Ја почитуваме македонската сцена и она што би им го препорачале на вашите љубопитни читатели е да ја слушаат, следат и почитуваат прво својата сцена, а потоа светската. За гравче запршка, за македонски бендови поддршка! Благодариме.

1. Кристо Роџевски – „Кадифе“

2. The John – „Тешка категорија“

3. Bela Fleck & The Flecktones – „Sex In A Pan“

4. Soren Reiff – „Funky Mama“

5. Aydio – „Blue Smoke“

Тоа беше музичкиот избор на Планктонс, а нашиот музички избор за денес е најновата песна на Планктонс која ќе ве опушти и ве одведе во некоја друга димензија. Уживајте!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар