Минималистички волшепства
Оваа серија макрофотографии е наречена „Disparity“, а нејзин креатор е Кристофер Бофоли, автор, фотограф, уметник и режисер кој живее и работи во Сиетл, Вашингтон. Неговите фотографии се зачинети со многу мали човечиња, кои извршуваат некакви работни обврски врз невообичаени предмети, што на делата им дава некаков реален и забавен шмек. Без разлика дали станува збор за хигиеничар кој го чисти сенфот од хот-догот или младо момче кое ја коси брокулата, неговата имагинација е на врвно ниво, а фотографиите се оригинални и живи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.