Честопати ги занемаруваме, а на нив треба редовно да им се обрнува внимание. Бацилите се појавуваат на места кои често забораваме да ги исчистиме. Но, хигиената треба да се запази во секое делче од домот.
rn
Телефони
rnСтатични или мобилни, овие апарати се често на нашето уво или во раце, па затоа се и број еден пренесувачи на бактерии и вируси. Исчистете ги со меко крпче и алкохол, внимателно на сите ќошиња и дупчиња.
rn
Завеси во када
rnСекој ден стануваат влажни, што ги прави одлична подлога за создавање мувла. Кога ќе ги видиме нечисти, ги заменуваме со нови, наместо да ги сочуваме и да ги чистиме редовно.
rn
Канти за ѓубре
rn
…особено оние кои се во бањата и кујната. Испразнувањето на ќесите со ѓубре не е и чистење на кантата. Откако ќе ги отстраните ќесите, измијте ги кантите со средство за чистење.
rn
Машина за миење садови
rnАко одблизу погледнете во вашата машина за миење садови, ќе видите црни дамки, а во некои случаи и мувла. Истото важи и за гумените делови од вратата на фрижидерот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

