7 важни работи што секоја успешна жена ги носи во својата чанта
Во чантата на жената која гради своја кариера би требало да се наоѓаат само основните работи, но всушност, нема крај на она што можеме да го најдеме внатре. Ако се користи ефективно, чантата може да биде многу повеќе од моден додаток – таа се претвора во тајно оружје на секоја успешна жена. Иако во неа често се насобираат истуткани сметки и колекција од хартиени ливчиња, овие 7 работи мора да се најдат во секоја чанта.
1. Визит-карта
Приликите за создавање нови контакти се насекаде и никогаш не знаете кога може да се создаде некоја нова врска. Ако имате визит-карта при рака, тоа значи дека секогаш сте подготвени да импресионирате и да ја развиете вашата кариера при секоја дадена прилика.
2. Телефон
Мобилниот телефон или таблет може да допринесат за развојот на вашата кариера. Тие се одлични „алатки“ за организација и создавање многу прилики, но немаат корист кога се празни. Затоа бидете сигурни секогаш да излегувате со наполнет телефон или пак, понесете полнач со себе.
3. Нотес
Во денешно време не можете да излезете без нотес и пенкало. Се прашувате зошто да ги носите кога вашиот мобилен телефон ја врши нивната работа? Едноставно е, морате да бидете подготвени за сите ситуации, па е неопходно да имате простор за запишување што не зависи од батерија. Притоа, запишувањето на идеите е многу поефективно и овозможува да бидете креативни во секој момент.
4. Мал несесер за шминка
Кармин или сјај, дезодоранс и гел за дезинфекција се работи што задолжително мора да се најдат во чантата на една успешна жена. Ако сте подготвени за какви било вонредни ситуации, како што е размачкана шминка или валкани раце, вашиот ден ќе помине без непотребен стрес, бидејќи сте однапред опремени. Никогаш не знаете што може да се случи во текот на денот, а сигурно знаете дека е подобро да се спречи, отколку да се лечи.
5. Здрава ужина
Гладот го буди најлошото во нас. Се чувствувате мрзливо, деконцентрирано и се подразбира дека ќе јадете што било. Кога имате подготвено здрава ужина во секоја доба од денот и ноќта, ќе ги избегнете негативните последици врз вашата работа и вашата исхрана. Јаткастите плодови се секогаш добар избор!
6. Пари
Парите ни се секогаш потребни за да бидеме подготвени за некои итни случаи. Користењето кредитна картичка е едноставно, но не треба секогаш да се потпирате исклучително на неа. Картичката може да не работи, може да ви ја украдат или едноставно да се случи таму каде што пазарувате да примаат само готовина. Ако имате пари при себе, ќе се поштедите од непријатни ситуации.
7. Чадор
Во пролетните, есенските, а често и во зимските месеци, временските прогнози може да бидат многу непредвидливи, а водениот изглед не е баш репрезентативен. Секогаш при рака во овој период имајте расклоплив чадор кој лесно го собира во чантата и непредвидливите врнежи никогаш нема да ве изненадат.
Успешните и силни жени чекорат исправено и одлучно, а ова се правилата што секоја независна жена ги следи на нејзиниот пат кон успехот.