Дознајте ја тајната на среќата според јапонската филозофија

Дознајте ја тајната на среќата според јапонската филозофија

Имаме премалку време, а премногу обврски и тоа до доведува до голем стрес. Треба да заработуваме, да ги негуваме нашите семејни, пријателски и љубовни врски и да се трудиме да бидеме здрави, па затоа можеме слободно да кажеме дека нашите распореди се преполни. Мислиме дека кога би можеле да се опуштиме барем малку повеќе, тогаш би биле посреќни, пофини и подобри луѓе. Меѓутоа, Јапонците не би се согласиле со ова.

Дознајте ја тајната на среќата според јапонската филозофија

Сте чуле ли за акигејаи (ikigai)? Станува збор за јапонски концепт што во превод значи „наоѓање на целта“ или „причина за станување наутро“. Терминот потекнува од зборовите „iki“ што значи „живот“ и „kai“ што значи „реализација на надежите и очекувањата“. Според теоријата, ако го најдете вашето акигејаи и постојано сте зафатени со остварувањето на животната цел, ќе уживате во долгиот и среќен живот.

Можеби ви звучи премногу спиритуално, но оваа идеја е научно докажана. Благодарение на едно 7-годишно лонгитудинално истражување во кое учествувале повеќе од 43.000 возрасни луѓе, истражувачите дознале дека кај учесниците кои изјавиле дека имаат акигејаи постоела поголема веројатност дека ќе живеат 7 години подолго, притоа земајќи ги предвид и факторите како пушење, болести и вежбање.

Па, како да го достигнете ова апстрактно акигејаи? Потребно е време и рефлексија. За да го пронајдете, поставете си прашања од типот: „Која е мојата животна страст?“, „Кои се моите таленти?“ и „Што му треба на светот од мене?“

Луѓето со силно чувство на акигејаи изјавиле дека го пронашле преку работата, хобијата или врските. Ова е голем шок, бидејќи сите ние сме мислеле дека опуштањето покрај базенот ќе ни помогне во наоѓањето среќа. Напротив! На островот Окинава, каде што жителите се познати по нивниот долг животен век, не постои такво нешто како пензионирање. Луѓето остануваат активни во текот на сите периоди од нивниот живот и се верува дека комбинацијата од чувството на одговорност и сознанието дека сте му потребни некому придонесува за долг, здрав и среќен живот.

Но, постои нешто на што треба да обрнете внимание: Има разлика помеѓу тоа да се биде зафатен и да се биде под стрес. Ако жонглирате со милион крајни рокови и се мачите да ги завршите сите работни задачи, тоа не е многу акигејаи. Но, ако се будите наутро полни со енергија, возбудени да го започнете денот, тогаш сте на добар пат да го пронајдете вашето акигејаи.

Во продолжение, прочитајте ја оваа ефективна јапонска метода против мрзливост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар