Најморничавиот тест на личноста: 5 прашања што ја откриваат вашата срж

Најморничавиот тест на личноста: 5 прашања што ја откриваат вашата срж

Станува збор за тест на личноста чија цел е да ја поттикне вашата потсвест. Прашањата се дизајнирани на тој начин што извлекуваат одговори од вашиот автоматизиран прелингвистички мозок. За да ги добиете најточните резултати, потребно е да давате БРЗИ и ИСКРЕНИ одговори. Не постојат точни и грешни одговори, бидејќи прашањата се лични и се однесуваат само на вас.

Најморничавиот тест на личноста: 5 прашања што ја откриваат вашата срж

По секое прашање следува кратко објаснување. Подготвени сте? Можете да почнете!

1. Птица

За време на вашиот омилен период од денот денот, вие седите во парк и размислувате за животот. Одеднаш забележувате птица пред вас, што ве зјапа право во очи. Каква боја е птицата?

  • Што значи вашиот одговор?

    Шарена – Вие имате позитивен поглед кон животот.

    Бела – Вие сте смирени.

    Темна/црна – Чувствувате дека некој ве прогонува.

2. Балон

Заклучени сте во соба со само еден црвен балон. Рацете ви се врзани зад грб. Како ќе го пукнете балонот?

  • Што значи вашиот одговор?

    Одбивате да го пукнете – Вие понекогаш се плашите дека ќе направите нешто што ќе ги влоши работите.

    Со рацете (свртени наопаку) – Вие сте со отворен ум и не им дозволувате на препреките да ве спречат да се движите по патот.

    Со забите – Вие се впуштате во нештата без да размислите и понекогаш не се грижите за последиците.

    Други покомплицирани методи – Често претерано размислувате за животот и ситуациите во коишто моментално се наоѓате.

3. Крв

Се гледате во огледало и забележувате дека рацете ви се крвави. Чија крв е тоа?

  • Што значи вашиот одговор?

    Не се знае – Вие дозволувате животот да ви се случува, без да преземате контрола.

    Сопствената – Се плашите од грешки и неуспех.

    На пријател – Се плашите дека ќе останете сами.

    На непријател – Често ги преземате работите во сопствените раце и добивате позитивни, но и негативни резултати.

4. Спална соба

Доцна е навечер, а вие лежите во својот кревет. Слушате звук на гребење на прозорецот. Што помислувате дека е?

  • Што значи вашиот одговор?

    Ништо/дрво – Не е лесно да ве исплашат, самоуверени сте.

    Нешто натприродно – Вие често мечтаете, но свесни сте и дека лоши нешта можат да се случат.

    Човек со лоши намери – Вие сте реалист, што верува дека несреќата се крие зад секој агол.

5. Очевидец

Некој ве набљудува, но вие не го забележувате злото присуство. Тоа ги знае сите ваши тајни. Ве мрази. Сака да ве убие. Каде се крие ова суштество?

  • Што значи вашиот одговор?

    Одговоривте дека ве набљудува од далеку? Грешите!

    Помисливте дека е во истата просторија со вас? Блиску сте.

    Можеби почувствувате дека е зад вас? ВО ПРАВО СТЕ!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар