Претходно
8 секојдневни работи кои сигурно не сте знаеле како се прават
Секојдневно сме опкружени со најразлични работи, но никогаш не помислуваме на тоа како изгледа нивниот процес на производство и што им се случува пред да го видиме крајниот резултат. Во продолжение, погледнете како се создаваат некои секојдневни работи и можеби целосно ќе го промените мислењето за нив…
1. Кармин
- Карминот обично содржи 5 основни состојки: Ланолин, масла, восок, бои и седеф. Понекогаш се користи полиетилен за да остане карминот цврст и да не се задржува на малите отвори на усните.
- Се користат многу бои за овој козметички производ, како што се жолта, црна и сина. Се мешаат различни бои за да се добијат разни нијанси.
- Кармините се секогаш парфемирани. Кога не би биле, би мирисале на восочни свеќи.
2. Чоколадо
- Чоколадото се прави од зрна од какао кои најпрво се собираат, се чистат од желатинот и се ферментираат со тоа што се ставаат во посебни кутии каде што остануваат 8 дена. Потоа зрната се сушат и се пренесуваат во фабриките за чоколадо.
- Во фабриките, зрната се групираат и се печат. Смелените зрна се мешаат со шеќер и млеко. Потоа, чоколадото се вари околу 12 часа.
- Температурата и влажноста се строго надгледувани во секоја фаза од производството, бидејќи влијаат на изгледот и вкусот на производот.
3. Инстант нудли
- Производството на нудли вклучува брашно измешано со скроб од тапиока, јајца во прав и згуснувач. Сите овие состојки се потребни за да се добие најдобра структура на производот.
- За да се направат инстант нудли, прво треба да се сварат во фабриката.
- Но, тоа не е сѐ! Потоа се пржат во голема количина на зејтин за да може да останат свежи подолго време.
4. Маскара
- Главната состојка на сите маскари е пигментот. Црната маскара се прави со јагленов црн пигмент. Другите состојки се вода, восок и масла.
- Во зависност од целта на маскарата, се менува и нејзината содржина. На пример, маскарата за издолжување трепки содржи многу еластични полимери и микровлакна, додека водоотпорната маскара содржи многу парафин.
Продолжете на следната страница за остатокот од текстот…