Медицинските професионалци сè уште ја истражуваат причината за спонтаниот абортус. Самиот факт дека секоја жена има различно искуство со него само додава на неговата мистерија. Но дали сте знаеле дека тој може да се случи и без да бидете свесни за него? Погледнете ги следниве знаци што може да укажуваат на тоа дека сте минале низ спонтан абортус.rnrn
rn
Свесни за бременоста? Не. Свесни за спонтаниот абортус? Не!
rnМедицинските професионалци сметаат дека 15% до 25% од бременостите за кои жените се свесни, завршуваат со спонтан абортус. Кога ќе ги вклучиме и бременостите за кои жените не знаат, половина од нив завршуваат со спонтан абортус.rnrnСо други зборови, можно е да останете бремени, да имате компликации, и да го изгубите плодот, без воопшто да знаете за тоа. Во најголем број случаи станува збор за хемиски спонтан абортус, или бременост која е неуспешна брзо по имплантацијата.rnrnСигурно се прашувате како е можно некој да има спонтан абортус без да знае за тоа. Кога бременоста е во почетната фаза, симптомите на спонтаниот абортус се речиси незабележителни. Загубата најчесто резултира со крвавење и грчеви кои се слични со симптомите на менструалниот циклус. Крвавењето од хемискиот спонтан абортус обично се случува во деновите кога го очекувате вашиот менструален циклус.rnrnКога една жена знае дека е бремена, но не знае дека нејзиното тело го губи плодот, нејзиното искуство е познато како испуштен спонтан абортус. Познат и како тивок спонтан абортус, во овој случај телото не го препознава прекинувањето на бременоста, ниту пак го отстранува ткивото настанато од неа. Како резултат на ова, плацентата може да продолжи да испушта хормони, па жената продолжува да има симптоми на бременост.rnrnМногу често овие жени не ги откриваат лошите вести сè додека лекарот не забележи дека плодот нема пулс. Овие спонтани абортуси не се случуваат често, а експертите предвидуваат дека само 1% од бременостите завршуваат на овој начин.rnrnМногу од овие спонтани абортуси се предизвикани од проблеми со хромозомите на фетусот, но добро е што повеќето проблеми со хромозомите не се наследни. Тие се случуваат случајно и ретко се повторуваат кај истиот пар.rnrnПонекогаш бременоста е во доволно одмината фаза така што симптомите на спонтаниот абортус се забележливи, дури и ако жената не знаела дека е бремена. Овие симптоми вклучуваат:rn
- rn011
- Крвавење што се засилува
- Силни грчеви
- Болка во абдоменот
- Треска
- Слабост
- Болка во грбот
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnДа откриете дека сте биле бремени поради симптомите на спонтаниот абортус може да биде навистина лошо искуство. Многу жени се збунети од очајот кој го чувствуваат после ова. Важно е за жената, и за нејзините блиски, да ги препознаат овие чувства кои се сосем нормални, и да ѝ помогнат да ја преболи загубата.rnrnПогледнете и кои се најраните симптоми на бременост.
