Летен тренд: Станете сирени со океански бранови во косата

Летен тренд: Станете сирени со океански бранови во косата

Летото ни пристигна, но доколку не можете да заминете на море, тогаш ќе можете да го „создадете“ морето во својата коса. Ако сте Инстаграм „манијак“, најверојатно досега сте забележале дека насекаде може да пронајдете еден специфичен хаштаг, #oceanhair, а како што велат податоците, има околу 12.000 вакви фотографии на кои девојките се пофалиле со својата сина коса. И да, таа е навистина сина, исто како океан.

7-leten-bjuti-trend-branovite-na-instagram-dojdoa-vo-ovaa-okeanska-boja-na-kosa-www.kafepauza.mk_

Не станува збор само за сина боја на коса, како што е кралско сината, тиркизната или светло сината, туку се комбинираат повеќе нијанси со цел во косата да се создаде вистински впечаток на морски бранови. Ова е дефинитивно тренд кој е вистински летен хит и вистинско освежување во овие топли денови.

1-leten-bjuti-trend-branovite-na-instagram-dojdoa-vo-ovaa-okeanska-boja-na-kosa-www.kafepauza.mk_

Се комбинираат различни техники на бојадисување. Главно се комбинираат сите техники кои беа популарни: бајлаж, лејлаж, омбре… Па така, тие даваат комбинација на сини прамени во различни нијанси, исто како што изгледа морето кога има бранови, бидејќи тогаш се застапени сите нијанси, од најтемните. па до најсветлите. Косата никогаш не изгледала како сега, со еден толку интересен и занимлив ефект.

2-leten-bjuti-trend-branovite-na-instagram-dojdoa-vo-ovaa-okeanska-boja-na-kosa-www.kafepauza.mk_3-leten-bjuti-trend-branovite-na-instagram-dojdoa-vo-ovaa-okeanska-boja-na-kosa-www.kafepauza.mk_

Ова лето нема да ви биде потребно да чекате природно да ја исушите косата, туку можете да направите лежерни локни, благи бранови, кои ќе направат да изгледате како вистинска океанска сирена.

4-leten-bjuti-trend-branovite-na-instagram-dojdoa-vo-ovaa-okeanska-boja-na-kosa-www.kafepauza.mk_

Овој тренд навистина ги „полуди“ социјалните мрежи и уште сега можете да проверите какви начини за нејзино бојадисување и стилизирање постојат. Ќе пронајдете голема инспирација поради која нема да можете да се одлучите која да ја изберете, иако најпривлечно ќе ви изгледа онаа сина коса која е надополнета со впечатливи аксесоари, кои потсетуваат на приморје, на цртани филмови со сирени и воопшто на бајковити моменти.

8-http://wannabemagazine.com/talasi-na-instagramu-dosli-su-sa-ovom-okeanskom-bojom-kose/

Како и секогаш досега, Инстаграм е овде да постави бројни трендови, без разлика дали се бјути или модни, а ние со задоволство ги прифаќаме, бидејќи се создадени за сите девојки кои шетаат по улиците на светските градови.

5-leten-bjuti-trend-branovite-na-instagram-dojdoa-vo-ovaa-okeanska-boja-na-kosa-www.kafepauza.mk_

Па останува само да размислите и да одговорите, дали сте подготвени за експеримент со коса во која ќе го доведете морето во себе…

6-leten-bjuti-trend-branovite-na-instagram-dojdoa-vo-ovaa-okeanska-boja-na-kosa-www.kafepauza.mk_

Доколку сте љубител на силните бои за коса, тогаш ви предлагаме да се потсетите на бјути трендот од минатата година – коса во тексас боја!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар