Луѓето не сфаќаат дека ги правите овие работи бидејќи дискретно ги следите вашите соништа

Сподели

Вие не зборувате многу за она што го правите, не се фалите со своите постигнувања, ја гледате вашата работа, молчите и не се рекламирате. Честопати ниту вашите блиски пријатели не знаат на што работите во моментот и до каде сте стигнале, бидејќи вие се држите до вашата потреба да бидете дискретни. Еве зошто им делувате чудно на другите.

Реклама

rn

1. Ги задржувате работите за себе

rnНикому не му објаснувате зошто не можете да излезете. Всушност, вие велите дека имате некои работи кои морате итно да ги завршите, а не сте можеле на работа, па морате да се посветите на тоа, додека вашите пријатели ве убедуваат дека треба да излезете, но вие не се откажувате. Тие ќе кажат, „Па, тој/таа е малку чуден/чудна“, ќе ги подигнат рамениците и ќе заминат без вас. Вие сте го задржале за себе она што ви е поважно од излегувањето со пријателите, а најверојатно и од многу други работи, како на пример, од спиењето.rn

2. Умеете неочекувано да го промените правецот

rnТоа на другите им изгледа како одеднаш да сте се преориентирале на нешто што досега воопшто не било во игра, без разлика дали станува збор за вашата кариера или на емотивно поле – стапување во брак, неочекувана бременост. Но, вие многу добро сте размислиле за тоа и сте го направиле она што најмногу го сакате, не грижејќи се да водите сметка за тоа колку сите останати ќе се изненадат од вашиот избор.rn

3. Откажување од општата идеја за успех и среќа

rnПотребно е многу храброст за да го живеете вашиот живот како што сакате, надвор од сите шаблони и категории кои другите ги поставиле, измислувајќи сопствени правила и водејќи се по сопствените желби и потреби. Бидејќи вие го правите тоа тивко и дискретно, на луѓето ќе им биде потребно доста време за да сфатат колку всушност сте пред вашето време и колку сте непоколебливи во она што го сакате. Полесно ќе им биде ако мислат дека сте малку чудни.

4. Понекогаш гласно велите „НЕ“

rnИ ги плашите сите околу себе, бидејќи најчесто сте повлечени. Кога ќе покажете дека имате цврст став и дека воопшто не се согласувате со нешто со коешто сите се согласуваат, вие ќе покренете бурни реакција. Луѓето можеби се плашат, не размислуваат за тоа дека смеат и можат нешто да одбијат или се неинформирани и не знаат дека имаат право на сопствен став, па затоа и едноставно стивнуваат и тотално се збунуваат. Можеби ќе ви успее да инспирирате некој срамежлив и тивок да каже „НЕ“.rn

5. Го покажувате својот производ, а не својата работа

rnМожеби никој не знае што сте правеле изминатата година, но што е до вас, никој и не треба да знае. Вие ќе ги изложите вашите резултати, вашиот финален производ, вашето дело, кога ќе биде завршено. Нема на сите да им зборувате за маките од создавачкиот процес, темелното истражување или пронаоѓањето на соодветната поддршка. Никој не мора да ја следи вашата работа, но кога ќе имате готово дело, тогаш сте подготвени и да го покажете.rn

6. Се менувате и повеќе не сте личноста која луѓето ја познаваат и со која им е пријатно

rnВас не ве интересира дали некој ќе ја осудува вашата новооткриена духовност, одлучност и строгост, вашиот нов имиџ, новите пријатели и интересирања. Тоа е резултат на вашата работа и вие сега го покажувате, исто како кога е во прашање некој работен проект или создавање ново дело. Вие сте работеле на себе и сте станале најдобрата верзија од себе. Можеби на другите повеќе им се допаѓате кога сте попустливи, неодредени, ненаметливи и тивки, бидејќи така може да ви ги препишат особините кои замислуваат дека ги имате, а сега мораат да се соочат со тоа дека погрешно ве процениле. Само што вас навистина не ве интересира што мислат тие и колку им „бодете во очи“ со објавената најдобра верзија од самата себе.

Популарно

Може ќе ве интересира