4-те најважни потреби на сопругот и 4-те најважни потреби на сопругата

Сподели

Нормално е вие и вашиот партнер да размислувате на различен начин. Но, ако не можете да се разберете постојано ќе создавате проблеми и конфликти. Јасно е дека секој човек си има разни потреби, а мажите и жените речиси целосно се разликуваат во ова. Погледнете ги најважните потреби на сопружниците и како да најдете заеднички јазик во бракот.

Реклама

rn

1. На мажот му е потребна почит, на жената ѝ е потребна љубов

rnМажите не можат да се чувствуваат сакани ако не чувствуваат дека ги почитувате. Жената од друга страна сака да чувствува дека е љубена, а на кој начин треба да го искажете тоа, зависи од неа. За некои е доволно „Те сакам“, додека другите сакаат да слушнат зборови како „Горд сум на тебе.“rn

2. Тој има потреба да ја искажува љубовта преку секс, таа сака да биде ценета за време на сексот

rnВажно е жените да разберат дека интимноста е најдобриот начин за мажите да им покажат колку ги сакаат. Како и нив, така и жените уживаат во сексот кога се задоволени нивните потреби. Но, жената сака да се чувствува поврзано со партнерот пред да биде интимна со него.rn

3. Мажот комуницира преку заеднички активности, жената комуницира со разговор

rnПовеќето мажи се збунети од уживањето кое го добиваат жените од постојаното разговарање. Мажите сакаат да комуницираат и да се поврзат со нивните сопруги, но подобар начин за нив се заедничките активности, а не разговарањето. Жените имаат потреба да разговараат со сопрузите секој ден. Ова е нивна активност. Тие имаат потреба да разговараат за нивните чувства, без разлика дали се добри, лоши, смешни или сериозни. Ним им е потребно ова.rn

4. На мажот му е потребно време да си ги среди мислите, жената си ги средува со зборување

rnЖените многу често се повредени кога мажот ќе ги напушти сред разговор, а мажите пак се нервозни кога се под притисок да дадат одговор. Причината за ова е тоа што повеќето мажи и жени различно ги разгледуваат своите емоции. На мажите им е потребно повеќе време да ги преработат своите чувства. Тие не знаат што навистина мислат додека не се задлабочат во тоа. Сопругот може да ја напушти караницата само со цел да си ги среди мислите и да избегне да каже нешто што ќе ја повреди сопругата. Жените понекогаш мора да зборуваат за нивните чувства за навистина да ги разберат. Овие чувства се кријат под површината додека не ги искажат вербално. Кога сопругот ја напушта сред разговор, тој ѝ ја одзема оваа можност.rn

И на мажите и на жените им треба разбирање

rnОва не значи дека жените не сакат почит, или пак мажите не сакаат љубов, но овие разлики во приоритетите понекогаш може да ја отежнат комуникацијата во врската. Секој треба да биде разбран, само научете како да ги исполните очекувањата и на двајцата.

Погледнете ја и оваа едноставна тајна за успешен брак.

Популарно

Може ќе ве интересира