КАФЕ ПАУЗА

Безглутенска гранола за совршено здраво утро

Постојано сме во потрага по што е можно поздрави оброци, како утрински така и во вид на ужини со кои ќе можете да ги замените нездравите благи. Ви откриваме рецепт за сјајна безглутенска гранола која е идеална за сите оние кои се интолерантни на глутен, но и за оние што едноставно сакаат да јадат поздраво.rnrn1-bezglutenska-granola-za-sovrsheno-zdravo-utro-www,kafepauza.mk_rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 200 грама оризови снегулки
  • rn011

  • 30 грама експандиран ориз
  • rn011

  • 30 грама експандирано просо
  • rn011

  • 70 грама сончогледови семки
  • rn011

  • 70 грама сусам
  • rn011

  • 60 грама кокос
  • rn011

  • 180 грама оризов сируп
  • rn011

  • 50 милилитри кокосово масло
  • rn011

  • 100 грама суво грозје
  • rn011

  • Прстофат мелена ванила
  • rn011

  • 1 лажичка цимет
  • rn011

  • Прстофат сол
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnВклучете ја рерната да се грее на 160 степени Целзиусови. Во голем сад промешајте ги сите суви состојки, поточно сѐ освен кокосовото масло и оризовиот сируп. Потоа, растопете го кокосовото масло и сите состојки добро измешајте ги. На тавата ставете хартија за печење и на него рамномерно посипете ја смесата и печете околу 25 минути со повремено мешање за да е испечена подеднакво. Изладете ја и послужете ја со јогурт и свежо овошје по желба.rnrnИсто така, ви предлагаме да го погледнете овој брз и лесен рецепт за вкусни безглутенски какао коцки.