КАФЕ ПАУЗА

Поучна приказна што ќе ве замисли и ќе ви ја открие тајната на вечната љубов

Поучна приказна што ќе ве замисли и ќе ви ја открие тајната на вечната љубов

Постои една стара индијанска приказна која говори за двајца млади Индијанци, момче и девојка. Еден ден, тие заедно се упатиле кај големиот поглавар на нивното племе и одлучно му соопштиле:rnrnПоучна приказна што ќе ве замисли и ќе ви ја открие тајната на вечната љубовrnrn„Ние се сакаме! Сакаме да ни го дадеш твојот благослов и да нѐ подучиш што треба да правиме за да може нашата љубов да трае вечно.“rnrn„Добро, ќе ви кажам што да направите. Но, прво мора да дојдете со мене горе на планина. Пред да појдеме, најдете ми два орли и понесете ги со себе, а потоа ќе видиме што ќе правиме“, им одговорил поглаварот.rnrnДвајцата млади тргнале во различни правци и по кратко време секој од нив донел по еден орел. Кога стигнале на врвот од планината, поглаварот им рекол:rnrn„Земете го сега ова кратко јаже и со едниот крај заврзете ја ногата на едниот орел, а со другиот крај заврзете ја ногата на другиот.“rnrnВљубените го послушале и ги врзале нозете на птиците.rnrn„Сега пуштете ги да летаат!“, извикал поглаварот.rnrnМомчето и девојката ги фрлиле птиците кон небото, но орлите не можеле да полетаат, бидејќи нозете им биле врзани една со друга. Тие паднале на земја и почнале да се клукаат меѓу себе, обидувајќи се да се ослободат од јажето со кое биле врзани. Тогаш стариот Индијанец рекол:rnrn„Сега пресечете го јажето!“rnrnМладите ја извршиле и таа наредба, го пресекле јажето и повторно ги фрлиле орлите кон небото. Овој пат тие брзо се издигнале, направиле неколку кругови и полетале кон снежните врвови на блиските планини. Мудриот поглавар рекол:rnrn„Ете, тоа е тајната на вечната љубов и среќа. Ако луѓето се врзани едни со други, никогаш нема да успеат да полетаат. Вие можете слободно да летате заедно, но не и да бидете врзани. Ако сепак се врзете, никогаш нема да можете да ја спознаете љубовта и среќата.“rnrnИако станува збор за индијанска приказна, нејзината поука може да се примени и во денешно време. Немојте да се врзувате со личноста која ја сакате, туку дајте си доволно простор во врската за да можете да летате слободно и да ги достигнете сите врвови во животот.rnrnДоколку ви се допадна текстот, прочитајте ја и следната поучна приказна.