Девојка која била нарекувана „чудовиште“ можеби ќе стане следната Мис Универзум
На 20-годишната Евита Петси Едгар Делмундо многу добро ѝ е познат поимот малтретирање. Кога била мала, злобните соученици ја нарекувале „чудовиште“ и „колаче со чоколадо“ поради нејзините влакнести, темно кафеави бенки и младежи кои ѝ го покриваат целото тело.
Но денес, оваа девојка од Малезија, која работи во локално кафуле, ги побила коментарите на луѓето кои ја исмевале со тоа што се пријавила на изборот за Мис Универзум.
„Во основно училиште никој не сакаше да се дружи со мене. Се сеќавам дека еднаш наставничката замоли две девојчиња да ме дружат за време на големиот одмор и тие си шепотеа ’Зошто мора да се однесуваме со неа како со принцеза?’. Срцето ми се скрши. Им кажав дека не мораат да ме следат и тие веднаш си отидоа. Бев многу осамено девојче“, признала Евита.
Таа научила да се прифаќа себеси онаква каква што е откако отишла во црковен камп кога имала 16 години.
„Навистина научив како да се сакам себеси и да комуницирам со другите. Ова беше првиот пат кога вистински почнав да се прифаќам себеси и мојот природен изглед“, открила Евита, која еднаш размислувала за тоа да ги отстрани бенките.
Аудицијата за Мис Универзум во Малезија поминала на 17-ти јуни и таа моментално чека да дознае дали преминала во следниот круг или не. Но, дури и да не успее, Евита тврди дека тоа нема да ја наруши нејзината новооткриена самодоверба и ќе продолжи да се пријавува на други избори за убавина во иднина.
„Си држам среќа. Но, ако не успеам, секогаш ќе има друг избор за убавина“, изјавила таа.
Оваа храбра девојка треба да ви послужи како инспирација и да ве научи дека секогаш треба да верувате во себе и да се сакате онакви какви што сте, со сите мани и недостатоци. И ние се надеваме дека ќе биде избрана да учествува на изборот за Мис Универзум, бидејќи на тој начин Евита ќе постави нови стандарди за убавина и ќе им даде мотивација на многу други девојки кои се сомневаат во себе да ги следат своите соништа.
Во продолжение погледнете ја и оваа тинејџерка која е прекриена со бенки и споделува моќна порака за животот.