КАФЕ ПАУЗА

Што претставува кармата и како може да ви го подобри животот?

Written by

in

,

Речиси секој слушнал за карма и многу луѓе мислат дека кармата претставува судбина. Дали некогаш сте се запрашале што всушност е нејзиното вистинско значење? Многу од нас грешно го сфатиле значењето на овој збор. Кога ќе ја разберете, кармата може да ви биде моќно оружје за вашиот развиток.rnrnshto-znachi-karma-i-kako-mozhe-da-vi-go-podobri-zhivotot-kafepauza.mkrn

Едноставно објаснување од будистички учител

rnКармата нема никаква врска со судбината. Ако направите нешто лошо, не значи дека нешто негативно ќе ви се случи за „да се израмнат работите“. Кармата всушност е поврзана со вашите мисли и постапки во секој момент.rn

„Зборот карма значи делување, не судбина. Во Будизмот, кармата е енергија која се создава преку акција, мисли, зборови и дела. Сите ние создаваме карма во секоја минута, и кармата што ја создаваме влијае на нас во секоја минута. Распространето е мислењето дека ‘вашата карма’ е резултат на нешто што сте го направиле во претходниот живот, па сега судбината ви е запечатена. Ова е многу различно од будистичкото верување. Кармата е акција, не резултат. Иднината не е запишана во карпа. Можете да го промените вашиот живот во овој момент така што ќе ги смените вашите постапки и шемите кои само ви наштетуваат.“ – Барбара Обрајан

rn

Зошто општеството има толку грешна слика за кармата?

rnВо поп културата, кармата најчесто значи дека луѓето си го добиваат она што си го заслужиле. Па, од каде потекнува ова мислење? Мислењето доаѓа од нашата грешна перспектива дека ни е потребно нешто надвор од нас за да бидеме среќни. Причината е нашата алчност која сака да ја трансформира кармата во машина со пари основана на нашето етичко и духовно однесување. Сепак, ако можеме да го заборавиме ова мислење за среќата, ние ќе сфатиме дека она што навистина ни е потребно е свесно да живееме во сегашниот момент и да ја откриеме нашата вистинска природа.rnrnКармата едноставно е енергија. Таа е составена од нашите свесни мисли и постапки. Енергијата што ја создаваме сега и во иднина, ќе има некаков ефект на нас. Но ова нема никаква врска со награда или казнување. Кармата е наша да ја контролираме.rn

Наводнувајте ја градината на вашиот ум: Како да ја користите кармата како водечка сила?

rnНајдобро е да ја гледате кармата како енергија која ја создавате во секој момент. Секоја постапка или мисла ја генерира оваа енергија. Ова го чувствуваме секој ден и целта не е награда или казна. Но, ако постојано сте гневни, вие го полните вашиот ум со гнев. Истото се случува и кога сте смирени – вие го полните вашиот ум со мир. Сите овие квалитети како гнев, хармонија, неудобност, среќа… може да се гледаат како цветови и нивното семе. Кога се раѓаме сите овие ментални квалитети и емоции се семиња. Сега замислете дека овие семиња се посадени во градината на вашиот ум и постојано ги вадите со вашите намери и мисли. Во зависност од тоа што го правите, вие или ги наводнувате лошите или добрите семиња. Овие семиња може да пораснат во цветови, а може и да се исушат и да умрат. Од ова треба да сфатите дека енергијата која им ја даваме на овие цветови е нашата кармичка енергија.rnrnКога живееме свесно и мирно ние можеме да го набљудуваме кармичкиот ум и да почнеме да го менуваме начинот на кој реагираме во секојдневните ситуации. Без свесност ние сме подложни на шаблони од мисли и реакции. Па, за да ја користите кармата за вашето лично и духовно созревање, потребно е да работите на свесноста во вашиот живот и да ја идентификувате кармичката енергија.rn

Заклучок

rnКога ќе живеете со ова знаење за кармата, можете да се ослободите од менталниот товар и грижи кои мислите дека мора да ги носите и ќе преземете контрола врз вашиот живот. Секако, постојат и надворешни фактори кои имаат влијание на вашиот живот. Но, ако разберете како изгледа вистинскиот мир, ќе ја имате способноста целосно да го искусите животот без разлика што се случува околу вас.rnrnКармата ни покажува дека имаме слобода да одлучиме што ќе ни се случи. Нашите мисли и постапки се оние кои владеат со нашите животи.rnrnПогледнете ги и овие мудрости од Будизмот кои ќе ви помогнат да го пронајдете внатрешниот мир.