Кафето е омилената напивка на многу луѓе. Оние кои го обожаваат, не можат ни да си го замислат почетокот на денот без шолја кафе. Меѓутоа, овој пијалак предизвикува одредени проблеми, особено ако се консумира во поголеми количини. Прочитајте кои се негативните последици од претераното пиење кафе…rnrn
rn
1. Проблеми со дигестивниот систем
rnДали трчате во тоалет веднаш штом ќе го испиете првото утринско кафе? Можеби треба да се запрашате дали за ова треба да го обвинувате млекото или кафето. Кофеинот на многумина им помага со одењето во тоалет, но може да предизвика и грчеви во цревата, како и подуеност. За да го одбегнете овој проблем, немојте да пиете кафе на празен стомак. Наместо тоа, испијте го кафе за време или по појадокот. Секако, дека можеби станува збор и за нетолеранција на лактоза. Обидете се да го елиминирате млекото од кафето за да дознаете каде лежи проблемот.rn
2. Лош сон
rnВнесувањето кофеин до 6 часа пред спиење може да ви го наруши сонот. Не пијте кафе во попладневните часови, бидејќи на тој начин ќе можете да спиете подобро.rn
3. Отпорност на кофеин
rnДали кафето не го постигнува посакуваниот ефект? Можеби треба да испиете две шолји повеќе за да се разбудите. Стимулацискиот ефект кај луѓето кои секојдневно консумираат кафе се намалува со текот на времето.rn
4. Главоболки
rnДоколку луѓето кои редовно пијат кафе, пропуштат да го испијат нивниот омилен пијалак наутро, може да добијат главоболка. Ако се обидувате да ја победите зависноста од кафе, мора да знаете дека почетните последици од „одвикнувањето“ не траат вечно. Обично, тие исчезнуваат по само неколку дена.rn
5. Нервоза и анксиозност
rnСекое тело различно реагира на кофеинот, а реакцијата зависи и од вашето моментално расположение. Ако сте преоптоварени со обврски, кафето може да предизвика нервоза и треперење. Тоа се случува затоа што кофеинот е стимуланс кој природно го подигнува нивото на адреналин и стрес хормон во вашето тело.rn
6. Потемни заби
rnСо текот на времето вашите заби може да станат потемни поради пиењето кафе или на нив може да се појават мали дамки. Тоа е така затоа што кафето содржи танин кој ја уништува блескавата насмевка.rn
7. Лош здив
rnКафето ја суши усната празнина и колку повеќе пиете, толку поголеми проблеми ќе имате со непријатниот здив од устата.rnrnВо продолжение дознајте колку шолји кафе треба да пиеме дневно.