9 чудни работи кои се забранети ширум светот

9 чудни работи кои се забранети ширум светот

Многу малку учиме за законите на државите кои ги посетуваме како туристи, иако тоа знаење понекогаш може да нè поштеди од непријатни ситуации. Понекогаш некои закони се толку необични, што дури не можеме да веруваме дека се вистинити. Погледнете 9 од најчудните работи што луѓето не смеат да ги прават во земјите ширум светот.

1. Забрането е да се јадат колачиња на Божиќ, Обединето Кралство

(1)9-chudni-raobi-koi-se-zabraneti-shirum-svetot-kafepauza.mk

Во 1644-та година, Оливер Кромвел го забранил прославувањето на Божиќ бидејќи сметал дека е неморално. Многу работи поврзани со празникот биле забранети, вклучувајќи ги слатките и колачињата. Интересно е тоа што немало постапка за да се укине законот на Кромвел, па секој Англичанец што јаде колаче на Божиќ, го прекршува законот.

2. Не смеете да ги допирате китовите, Обединето Кралство

(2)9-chudni-raobi-koi-se-zabraneti-shirum-svetot-kafepauza.mk

Уште еден закон од Обединетото Кралство: Сите китови, делфини и други морски цицачи кои се во радиус од 5 километри од брегот се сопственост на кралицата. Поради ова, не смеете да ги допирате.

3. Не смеете да спасите некој што се дави, Кина

(3)9-chudni-raobi-koi-se-zabraneti-shirum-svetot-kafepauza.mk

Мистериозниот менталитет од истокот не можел да ги остави законите на Кина недопрени. Еден од овие закони ви забранува да спасите човек што се дави. Овој закон е поврзан со источната филозофија која тврди дека мешањето во нечија судбина е неморално. Сепак, скептиците сметаат дека на овој начин властите во Кина сакаат да ја контролираат популацијата.

4. Забрането е бакнување на железничките станици, Франција

(4)9-chudni-raobi-koi-se-zabraneti-shirum-svetot-kafepauza.mk

Овој закон има сила и во Франција, и на некои станици во Обединетото Кралство: На љубовниците им е забрането да се бакнуваат на железничките. Законот прв пат се појавил во Франција, во 1910 година, кога возовите многу често доцнеле поради паровите кои не сакале да се разделат. Како резултат на ова, властите го забраниле бакнувањето на платформите, но направиле посебни „зони за бакнување“ каде што вљубените можеле да споделат моменти на нежност.

5. Не смеете да ги храните гулабите, Италија

(5)9-chudni-raobi-koi-se-zabraneti-shirum-svetot-kafepauza.mk

Додека на многу места е во ред да ги храните гулабите со леб, во Венеција е забрането и можете да си заработите парична казна. Овој закон е со цел да ги спречи птиците да ги извалкаат убавите статуи и споменици.

6. Забрана за Киндер јајце, САД

dreamstime_m_45696548

Познатите чоколадни јајца се забранети во САД уште од денот кога се појавиле на пазарот. Причината за ова е тоа што според законите во САД, забрането е да ставате играчки во храната од страв дека децата може да се задават со малите делови. Во 2013 година, во САД конечно беа донесени Киндер јајцата. Властите дозволија да се продаваат под услов во нив да има само големи играчки од еден дел.

7. Не може да платите само со монети, Канада

(7)9-chudni-raobi-koi-se-zabraneti-shirum-svetot-kafepauza.mk

Во Канада не може да ги извадите монетите од касичката и со нив да си купите нешто. Во 1985 година на сила стапил законот кој забранува да платите само со монети за нешто што изнесува повеќе од 10 канадски долари.

8. Не смеете да го заборавите роденденот на сопругата, Самоа

(8)9-chudni-raobi-koi-se-zabraneti-shirum-svetot-kafepauza.mk

Самоа е независна држава на Пацификот која е позната по своите необични закони. Еден од нив им забранува на мажите да го заборават роденденот на своите сопруги. Ако се случи тоа, судот му одредува парична казна на мажот која завршува во рацете на жената.

9. Не смеете да згазнете на пари, Тајланд

(9)9-chudni-raobi-koi-se-zabraneti-shirum-svetot-kafepauza.mk

Ова е закон што треба да го знаат сите кои планираат да одат во Тајланд. Внимавајте на чекорите, бидејќи овде е забрането да згазнете на монети или банкноти на кои има изгравирано значајни жители на Тајланд.

Погледнете ги и најчудните закони во Австралија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар