Интересни невини лаги кои родителите им ги кажуваат на децата

Интересни невини лаги кои родителите им ги кажуваат на децата

Некогаш лажењето и не е толку лоша работа. Во некои случаи, како на пример приказната за Дедо Мраз, лажењето може да ја поттикне имагинацијата кај детето, и да го тера да се однесува добро бидејќи знае дека наградата е некој подарок. Понекогаш малите лаги се и единствениот начин тврдоглавите детски умови да се придвижат кон вистинската насока. Погледнете некои од најинтересните лаги кои родителите им ги кажувале на своите деца.

interesni-nevini-agi-koi-roditelite-im-gi-kazhuvaat-na-decata-kafepauza.mk

Секогаш бев воодушевена од вселената. Кога бев малечка, татко ми ја земаше скалата и ја ставаше во дворот секоја вечер и ми кажуваше дека ја става месечината на небото за мене. Му верував со години. Тој почина пред неколку години, и сега секогаш кога ја гледам месечината мислам на него.“

„Мајка ми ми го испра мозокот кога бев мал. Таа секогаш ми дозволуваше да јадам слатки, но го криеше целиот зеленчук и ми дозволуваше да го јадам само за време на ручек. Овој трик функционираше. Кога имав 6 години, ја прашував дали може да јадам брокула за мојот роденден наместо торта.“

„Моите родители ми кажаа дека секој човек може да каже само 10.000 зборови месечно. Ако ја надминеш границата, станува физички невозможно да зборуваш додека не почне новиот месец. Секогаш кога зборував многу, татко ми ми велеше: „Внимавај, мислам дека веќе имаш искористено 9.000 зборови.“ Ова секогаш правеше да замолчам.“

„Татко ми ми рече ако можам да се грижам за посебен камен кој расте и да го вадам секој ден додека не престане да расте, ќе може да имам куче. Јас го вадев секој ден, а татко ми секоја недела тајно го заменуваше со поголем камен.“

„Моите родители му кажаа на мојот помал брат дека сме имале уште еден брат кој се претворил во печурка бидејќи не се бањал. Тие дури ставија фотографии од печурка во семејните албуми.“

„Татко ми ми кажа дека играчките растеле под тревата во дворот и ако редовно ја косам, со тек на време ќе испадне играчка. Му верував многу долго време.“

„Мајка ми ми велеше дека ако јадам спанаќ ќе станам силен како Попај и дека ќе можам да ја подигнам куќата. Секогаш кога јадев спанаќ, на сред јадење ќе истрчав надвор и ќе се обидев да ја кренам куќата, а мајка ми ќе ми речеше: „Се помрдна! Брзо, изеди уште малку!“ и јас брзо одев да го дојадам спанаќот.“

„Најинтересното нешто што го имам слушнато е кога едно дете го праша татко си што се кокосите, а тој му одговори дека се јајца од мечки.“

„Кога бев мал, дедо ми ми кажа дека најбрз начин за броење на кравите по патот е да им ги избројам нозете, а потоа тој број да го поделам со 4. Ми требаше многу време да сфатам дека дедо ми бил вистински шегаџија.“

„Кога бев мала, татко ми ми кажа дека ако притиснам одредено копче на далечинскиот управувач, телевизорот ќе експлодира. Кога малку пораснав, од љубопитност го притиснав копчето и открив дека тој таму си ги зачувал каналите со филмови за возрасни.“

„Кога ќерка ми беше мала, ѝ реков дека кога лаже ѝ се појавува црвена точка на челото. Ова навистина работеше бидејќи секогаш кога лажеше таа си го покриваше челото.“

„Кога бев мал ми рекоа дека ако мочкам во базенот ќе ги забременам девојчињата и ќе треба да се вработам.“

„Моите деца се убедени дека имаат одамна изгубен брат кој го оставив на патот бидејќи бил премногу гласен во автомобилот.“

„Татко ми ми кажа дека Дедо Мраз веќе не сакал колачиња и млеко, туку сакал чипс и пиво. Ова се случуваше со години.“

„Мајка ми ми кажа дека нашата куќа не е опседната бидејќи духовите се многу скапи и не можеме да си ги дозволиме.“

„Мојата цимерка пораснала на фарма. Родителите ѝ рекле дека телевизорот работи само кога врне. Таа верувала во ова многу долго.“

„На мојот 3-годишен внук му кажав дека сестра ми се вика Компир. До денес, 10 години подоцна, тој сè уште ја вика така.“

„Кога бев мал го прашав татко ми што значи ако вториот прст на ногата ти е подолг од палецот. Тој ми кажа дека тоа значело дека мојата прабаба била жена.“

„Секогаш кога одевме во зоолошка, татко ми ме носеше кај мајмуните и ми велеше дека сум посвоен и дека тие ми се вистинските родители.“

„Татко ми ми кажа дека гробиштата биле фарми за луѓе.“

Погледнете и некои застрашувачки работи кои децата им ги кажале на нивните дадилки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар