Женствени и слатки: Модни комбинации кои ќе посакате да ги облечете во текот на топлите денови
Летото е вистинското време да му додадете една женствена нота на вашиот моден стил, бидејќи резултатот ќе биде феноменален. Во текот на летните денови најдобро е да додадете лелеави парчиња, бидејќи токму тие ќе направат да изгледате помлади и повесели, баш како и самото лето. Затоа ви предлагаме неколку летни комбинации кои можете да ги носите во наредните денови, но и месеци, односно во текот на целото лето.
1. Еден од трендовите кои се вратија во светот на модата се сосема голите рамена, па таквите блузи и кошули дефинитивно се задолжителни во вашиот гардеробер. Во комбинација со фармерки или елегантни панталони, високи потпетици, ќе имате одличен изглед за која било прилика во текот на денот или вечерта.
2. Секогаш едноставната модна комбинација можете да ја направите позабавна и автентична со комбинирање на бои кои создаваат вистинска, мала модна „експлозија“. Спојот на црвената и портокаловата, портокаловата и бебешко сината… Сѐ е до вашата фантазија и од тоа како сакате да изгледате во одреден момент.
3. Кратките здолништа со А крој секогаш ги обединуваат женствениот и младешкиот стил во едно. Доволно сексапилни, а повторно лелеави во стилот на мали принцези, тие се совршено парче облека кое можете да го носите во текот на летото. Комбинирајте ја со едноставна блуза и балетанки кога ви е потребна комбинација за прошетка или на кафе со пријателките, или пак со елегантна блуза и високи потпетици за вечерни прилики.
Продолжете на втората страница за останатите модни идеи…