Работи што вашиот партнер никогаш не смее да ги побара од вас

Сподели

Понекогаш луѓето кои се во врска сметаат дека имаат право да побараат некои работи од партнерот што воопшто не се прифатливи. Иако врската подразбира партнерство, тимска работа и правење постојани компромиси, тоа не значи дека треба да го изгубите личниот идентитет за да ја зачувате љубовта. Во продолжение дознајте кои работи партнерот никогаш не смее да ги побара од вас…

Реклама

rn

Да ги игнорирате гневните испади

rnИнтимноста може да се изгради само доколку се чувствувате доволно сигурни во врската за да ја покажете вашата ранливост и автентичност. Вашиот партнер никогаш не смее да побара од вас да ги прифаќате неговите ненадејни гневни испади само затоа што имал лош ден. Доколку ги игнорирате неговите избувнувања, во вашата врска ќе завладеат чувства на анксиозност и презир.rn

Да гласате за неговиот избор

rnПолитичкиот избор е лична работа. Вашиот партнер никогаш не смее да побара од вас јавно да го одобрите неговиот избор или да ги поддржите неговите политички убедувања доколку не се согласувате со нив.rn

Да ги потценувате сопствените достигнувања

rnЉубомората е многу честа во љубовните врски, но доколку вашиот партнер бара да го изгасите вашето светло за тој да може да блесне посилно, тоа е неприфатливо. Несигурните луѓе ќе побараат од вас да си ги потцените сопствените достигнувања и влијанија за тие да се чувствуваат подобро. Меѓутоа, тоа само ќе ја поттикне појавата на презир во врската.

rn

Да престанете со плачење

rnВашиот партнер никогаш не смее да побара од вас да не ги искажувате вашите чувства. Потиснувањето емоции е штетно, додека разговарањето за нив ќе ви помогне да го откриете коренот на проблемот. Не треба да ги одложувате сериозните разговори.rn

Да зборувате за претходните љубовници

rnДоколку сте отворени личности, слободни споделете сѐ што сакате. Но, имајте на ум дека никогаш не смеете да откривате интимни детали од вашето минато доколку не сакате. Лично право е тоа дали ќе ги откриете информациите за вашето сексуално минато или ќе ги задржите за себе.rn

Да лажете за него

rnВашиот партнер никогаш не смее да ве замоли да лажете за него. Сите лаги и тајни се штетни за врската. Ако вашиот партнер сака да скрие или да излаже за нешто, најдобро би било да го оставите сам да се справи со последиците од неговите дела.

rn

Да чистите по него

rnМажите постојано бараат од жените да им ги собираат валканите алишта и да чистат по нив. Момците кои мислат дека нивните девојки и сопруги им се слугинки се во голема заблуда. Ако сакате да чистите по нив за да им ја покажете вашата љубов, тоа е сосема во ред, но немојте да мислите дека треба да го исполните секое нивно барање.rn

Да ги игнорирате навредите од страна на неговото семејство

rnВашиот партнер никогаш не смее да побара од вас ги игнорирате некултурните и навредливи работи што неговите пријатели или семејство ќе ви ги кажат. Негова работа е да го одреди начинот на кој луѓето кои му се блиски ќе се однесуваат кон вас. Ако тој им дозволува да се однесуваат лошо со вас, никогаш нема да можете излезете на крај со нив. Вашиот партнер треба да застане во ваша одбрана и не смее да бара од вас да го игнорирате лошото однесување.rn

Да се откажете од вашата религија

rnНикогаш не смеете да се откажете од вашите вредности. Вашиот партнер треба да ги поддржи вашите суштински верувања и не смее да бара да ги промените.

rn

Да му го давате вашиот телефон

rnАко тој бара да ви го чепка телефонот, тоа е големо прекршување на личните граници во врската. Тоа што вашиот партнер има потреба да ви го проверува телефонот е знак дека имате проблеми со довербата кои треба да ги решите. Довербата е основа на секоја здрава врска. Ако не постои доверба помеѓу вас, најверојатно сте со погрешниот партнер.

Продолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира