Најубавата страна од целиот моден свет е тоа што не морате секогаш да ги одвојувате парчињата облека за одреден период од денот, според приликата за која се подготвувате, туку можете едно парче облека да го користите за повеќе настани и ситуации. Сè зависи од вашиот личен стил и вкус, односно, од тоа колку сте креативни во текот на еден ден и што сакате да постигнете со вашата модна комбинација. Па така и вашите работни модни комбинации ќе можете да ги лесно да ги претворите за вечерни прилики, како што се одењето на вечера, излегувањето во некој ноќен клуб, што многу ќе ви го олесни функционирањето во современиот свет каде што никогаш нема да знаете кога ќе завршите со вашите работни обврски и кога ќе биде следната прилика за излегување.rnrn
rnrn1. Совршен за многу ситуации е комбинезонот, кој инаку е еден од поголемите трендови во последните сезони. Избирајте поелегантни материјали, но и некои занимливи детали кои ќе направат да изгледате сексапилно и привлечно кога ќе го облечете. Токму затоа не можете да го облечете секогаш, особено во текот на некој работен ден, но сепак во комбинација со некоја кошула која ќе ја облечете под него и некое подолго сако, ќе создадете сосема добра комбинација за еден работен ден.rnrn
rnrnА потоа, доколку немате многу време за да се подготвите за вечерното излегување, само соблечете ја кошулата или сакото, обујте високи потпетици, а можете да додадете и некое парче накит, помала чанта која изгледа посвечено, и за само неколку минути ќе бидете подготвени и ќе изгледате одлично. Не мора да се заморувате и да губите енергија околу тоа што да облечете, бидејќи на овој начин ќе ја сочувате вашата енергија за излегувањето што следува.rnrn
rnrn2. Ако вашата работа не бара одреден кодекс на облекување, имаме предлог како да изгледате професионално, но и сосема модерно. Панталоните со широки ногавици, широка кошула, која дури може да биде и машка, со рамни обувки и чантата која ви е потребна за тој ден ќе ви дадат одличен изглед, а потоа сето тоа можете да го измените и да го приспособите за вечерното излегување.rnrn
rnrnКошулата закопчајте ја до вратот, а можете да додадете и некој впечатлив ѓердан под јаката кој ќе ѝ даде интересна „вибрација“ на целата комбинација. Ставете ја кошулата во панталоните и одлучете се за високи потпетици кои ќе ја надополнат комбинацијата, но и ќе ја „скршат“ монотонијата на целиот изглед. Изберете мала чанта и времето за дружење и создавање на спомени со луѓето кои ги сакате може да започне.rnrn
rnrn3. Ако мислевте дека вашиот мал, црн фустан не е соодветен за работното место, бидејќи изгледа провокативно, тогаш се лажете. Земете го трикот со комбинезонот, облечете едноставна бела блуза или кошула под фустанот, некои елегантни потпетици или оксфордки, голема елегантна чанта и тоа е сѐ што ви е потребно за успешен ден во канцеларијата и надвор од неа.rnrn
rnrnА потоа, ќе останете само во вашиот мал, црн фустан. Комбинирајте малку накит и високи потпетици или сандали. Ќе изгледате тренди и одлично за едно излегување со вашите пријателки или со вашиот партнер.rnrn
Како вашата работна модна комбинација да ја претворите во одличен вечерен аутфит?
