КАФЕ ПАУЗА

Неверојатни фотографии од тинејџерка што ѝ помогнала на мајка си при породувањето

За многу луѓе, првото породување на кое присуствуваат е она кога самите се породуваат. Но, ова не важи за 12-годишната Џеси Делапена. Таа не само што го гледала целиот процес, туку директно помогнала!rnrnrnrnПостарите браќа или сестри се „запознаваат“ со новородените братчиња или сестричиња некое време после нивното доаѓање на овој свет. Во просторијата за породување најчесто мајката е сама или во некои случаи, придружена од страна на таткото.rnrnrnrnНо ова не важи за малата Џеси. Наместо да седи во чекалната, таа била во собата со мајка си и активно учествувала во пречекувањето на своето братче.rnrn(5)tinejdzerka-pomognala-vo-ragjanjeto-na-nejzinot-brat-kafepauza.mkrnrnНа фотографиите ја гледаме Џеси како му помага на докторот. Прв пат кога ја прашал дали би сакала да помогне, таа најпрво ја одбила понудата. Но кога тој забележал колку многу ја подржува мајка си, ја прашал уште еднаш, и тогаш прифатила. Џеси е навистина храбра млада дама што ги заслужува сите пофалби!rnrnrnrnМајка ѝ подоцна изјавила дека била пресреќна што ќерка ѝ учествувала во овој голем момент од нејзиниот живот и смета дека нејзината помош ги зближила уште повеќе од претходно. Што мислите, дали вие би ѝ дозволиле на вашата ќерка да ви помогне на овој начин при породувањето?rnrnrnrnПогледнете ја и оваа вистинска приказна за пријателството на едно мало девојче со еден старец.