11 чудни факти за Зигмунд Фројд

11 чудни факти за Зигмунд Фројд

Фројд можеби грешел за речиси сè – не постојат докази кои ги поткрепуваат неговите теории. Сепак, тоа изгледа не е важно бидејќи овој човек е вграден во нашата културна потсвест. Фројдовата анализа ги бои нашите секојдневни разговори и размислувања. Овој човек бил вистински ексцентрик чија биографија е чудна колку и неговите верувања.

1. Тој бил вистински уживател на кокаинот

(1)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Фројд бил вистински зависник од кокаин, често го користел, го препорачувал и ги бранел неговите својства. Кога бил студент на медицина во Виена, тој ги истражувал ефектите кои ги има кокаинот на телото и умот, и во текот на неговиот живот објавил неколку студии за неговите здравствени придобивки. Иако самиот си бил својот омилен предмет за тестирање, во 1880-тите тој му го препорачал кокаинот на неговиот пријател и колега, кој имал болки од инфекција здобиена од аутопсијата која ја правел. Неговите симптоми се намалиле после земањето на дрогата, а Фројд бил горд на неговиот успех. Сепак, пријателот умрел во октомври, 1881 година како резултат на предозираност од кокаин. Ова го натерало Фројд да престане јавно да го препорачува. Во 1890-та година, Фројд речиси убил свој пациент додека бил под дејство на дрогата, и оттогаш престанал да го користи.

2. Можеби прикрил вонбрачен абортус со сестрата на неговата жена

(2)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Иако Фројд ја напуштил својата кариера како научник и станал доктор за да може да ја издржува неговата љубена Марта и нивните 6 деца, ова (можеби) не го спречило да има афера со нејзината сестра, Мина. Мина се преселила во домот на Фројд и Марта кога починал нејзиниот сопруг, во раните 1890-ти. Во овој период, Карл Јунг и Фројд биле пријатели, а Јунг подоцна тврдел дека Мина му ја признала аферата со Фројд. Некои луѓе сметаат дека Фројд дури и ја забременил Мина, а ова резултирало со таен абортус. Во 2006 година, бил откриен потенцијален доказ за аферата, во форма на регистрација од хотел во Шведска. Фројд и Мина се пријавиле во хотелот како брачен пар.

3. Неговото бегство од Германија било помогнато од нацист и принцеза

(3)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Во март 1938 година, Австрија била приложена кон нацистичка Германија, а ова предизвикало бран на имигранти. Фројд ја потценил опасноста на растечкиот фашистички режим и чекал да избега од Виена сè додека не било премногу доцна. Наскоро, нацистите имале целосна контрола над имиграцијата и Фројд не можел сам да избега. За негова среќа, Мери Бонапарта, принцезата на Грција и Данска, била негов поранешен пациент и им овозможила излез на Фројд и неговото семејство. Сепак, дури и со нејзината помош Фројд не би успеал да ја напушти државата доколку не се појавил еден сочувствителен нацистички офицер. Тој студирал хемија на Универзитетот во Виена кај пријател на Фројд, и се одлучил да му помогне да избега во Лондон.

4. Фројд поминал еден месец барајќи пениси од јагула

(4)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Ова се случувало додека учел зоологија на Универзитетот во Виена. Потрагата по машките јагули била избегнувана од многу научници, но Фројд верувал дека со малку спиење и многу експериментирање тој ќе може да ги лоцира. Тој поминал 4 недели дисецирајќи јагули, од кои сите ги прогласил како „понежен пол“ бидејќи не нашол траги од фалус. Денес научниците знаат дека јагулите немаат тестиси сè додека не дојде сезона за парење.

5. Фројд пушел толку многу цигари, што му била потребна протеза на вилицата

(5)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Уште од рана возраст, па сè до неговата смрт кога имал 83 години, Фројд бил вистински уживател на цигарите. Тој пушел кога имал рак, дури и откако оваа состојба му ја „изела“ вилицата. Иако добил многу дијагнози и операции, Фројд не можел да се откаже од тутунот. Се смета дека пушел околу 20 цигари дневно. Тој го криел својот рак од блиските, но кога морал да носи протеза за да не му падне велицата, тајната излегла на виделина.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар