Цветови кои имаат цел универзум на нивните листови
Петунијата позната како „ноќно небо“ е виолетов цвет кој изгледа како прозорец кон универзумот. Овие цветови имаат бели точки што наликуваат на ѕвездите од ведрото ноќно небо.
Белите точки се појавуваат како резултат на големата разлика помеѓу дневната и ноќната температура. За цветовите постојано да ги имаат овие светкави точки, потребно е во текот на денот да бидат на топло место, а во текот на ноќта на навистина студено место. Белите точки ќе стануваат сè поизразени, и цветовите со текот на времето ќе станат целосно бели.
Овој вид петунија најчесто цвета во пролет и во лето. Нивната уникатност ги прави навистина популарни, и покрај упорноста која е потребна за да се создадат точките.
Продолжува на следната страница…