КАФЕ ПАУЗА

Што ве спречува на патот кон целта?

Written by

in

,

Многу луѓе се фокусираат на животите на другите наместо на нивните цели. Замислете какво место би бил светот доколку фокусот на луѓето е насочен кон нивните цели.rnrnshto-ve-sprechuva-na-patot-kon-celta-kafepauza.mkrnrnЖивотот едноставно е различен кога се фокусирате на себе наместо на другите. Всушност, тој станува подобар. Наместо да се грижите за работите што не можете да ги контролирате, вие сте оддалечени само една секунда од целосна промена. Ова е ослободувачко и возбудливо.rnrnНајдобриот дел е кога ќе ја пронајдете вашата страст. Комбинацијата од страст, контрола и фокус може да води само до успех. Ова ќе ве тера напорно да работите, a напорната работа ќе ви биде лесна, па успехот речиси сигурно е загарантиран.rnrnПотребно е да правите избори кои ве исполнуваат и кои секојдневно ве доближуваат до исполнување на вашиот сон. За жал, многу луѓе не го прават ова. За некои причината е страв од неуспех, па воопшто не се ни обидуваат. Други се откажуваат во моментот кога ќе стане потешко. Доколку вие се наоѓате во ваква ситуација, запрашајте се, што ве спречува?rn

Што ви стои на патот што не ви дозволува да почнете?

rnСветот во кој живееме нема да ви даде дозвола за да почнете нешто. Затоа, сами дозволете си и почнете.rn

Што ако имате цела стратегија и сè уште не можете да почнете?

rnОва се нарекува саботажа на самите себеси. Тоа значи дека дел од вас прави отпор на промената која толку многу ја посакувате. На вас останува да сфатите кој е тој дел и да го промените. Поставете си ги сите прашања кои ве застрашуваат. Што побрзо ќе се соочите со себе и ќе сфатите што ве спречува, толку побрзо ќе ја постигнете целта.rnrnПонекогаш нешто внатре во вас не ви дозволува да почнете со промената. Постигнувањето на целта бара целосно посветување. Без разлика кои се вашите цели, вашата ситуација, или причината што ве спречува, важно е да знаете дека она што ве мачи е во ваша контрола. Нема да биде ваша вина што сè уште не сте постигнале резултати, но ваша одговорност е да направите сè што можете за да го остварите својот сон.rnrnПогледнете ги и 10-те правила за успех од Опра Винфри.