10 мали работи кои вашиот партнер ги прави за да ви покаже дека тој е вистинскиот

Сподели

Кога ќе го сретнете „вистинскиот“, ќе се чувствувате како никогаш досега. Ќе имате чувство дека сте на вистинското место во вистинското време. Ќе бидете преплавени со среќа и со чувство дека сè е во ред. Ќе знаете дека повеќе нема потреба да ја барате вашата сродна душа.

Реклама

Но што ако сакате некој цврст доказ? Кои се малите знаци кои покажуваат дека оваа личност е вистинската за вас? Иако нема научен пристап до овој проблем, постојат неколку заеднички знаци кои укажуваат на романса која ќе трае. Ако вашиот партнер прави барем едно нешто од оваа листа, можеби сте го нашле вистинскиот.rn

1. Тој прифаќа колку сте чудни (а понекогаш и ви се придружува)

rnСовршеното момче само ќе додава на чудните работи кои ги правите и ќе прави да се чувствувате прифатено. Вистинскиот ќе биде отворен кон сите интересни лудувања од ваша страна, а ќе почне да ви покажува дека и тој може да биде луд.rn

2. Секогаш е овде да ве расположи

rnБез разлика со каков проблем се соочувате, вистинскиот секогаш ќе биде вашата поддршка.rn

3. Ќе сака да биде со вас исто толку колку што и вие сакате да бидете со него

rnВо некои врски сигурно имате забележано дека рамнотежата во желбите за поминување време заедно, никогаш не била во ред. Но, кога ќе се најдете во вистинската врска, рамнотежата е многу лесна за наоѓање. Вистинскиот нема да ве тера да го бркате за да поминете време со него или за внимание. Всушност, тој ќе биде со вас толку колку што и вие сакате да бидете со него.rn

4. Никогаш нема да чува тајни

rnВистинскиот ќе сака сè да споделува со вас и ќе избегнува да крие работи. Иако нема некоја потреба да се знае сè, во врската со вистинскиот сепак ќе знаете сè еден за друг: Доброто, лошото, па дури и непотребното.rn

5. Секогаш ќе уживате во кревет

rnСекој пат.rn

6. Ќе ги разбере вашите потреби и желби, иако ни вие не секогаш ги разбирате

rnВистинскиот ќе разбере дека понекогаш едноставно не знаете што чувствувате. За среќа, тој ќе биде овде дури и кога работите ќе станат збунувачки. Вашиот партнер ќе разбере што сакате, дури и кога вие самите не знаете што е тоа.rn

7. Нема да може да се засити од вас, без разлика како изгледате

rnАко вашиот партнер постојано ве гледа, дури и кога правите најобични работи, како миење садови, сте го пронашле вистинскиот. Тој ќе биде „навлечен“ на вас, и тоа постојано, не само кога изгледате беспрекорно.rn

8. Секогаш ќе ви се обраќа за совет

rnАко вашиот партнер ве замоли да му помогнете за некоја голема одлука во животот, тоа е добар знак. Барањето совет покажува дека тој ви верува повеќе отколку на кој било друг. Уште поважно, тоа покажува дека тој смета дека вие имате нешто посебно да му понудите и дека вие секогаш му го посакувате најдоброто. Тој можел да побара помош од кој било, но ве одбрал вас.rn

9. Ќе ги претвора малите патувања во вистински авантури

rnВистинскиот ќе направи секоја здодевна задача за возрасни да изгледа како ден во забавен парк. Овој совршен партнер ќе сака секој ден да го направи една луда заедничка авантура.rn

10. И тој ќе знае дека сте вистинската

rnКога работите ќе ви изгледаат во ред, ќе го знаете тоа. Всушност, вистинскиот ќе ви каже дека ве гледа исто како што и вие го гледате него. Низ многуте подеми и падови на врската, вашиот партнер ќе ве потсетува дека тој нема да оди нигде. Тој ќе ги разбере вашите проблеми и постојано ќе ве потсетува колку ве сака.

Ако сметате дека сте го нашле вистинскиот, ценете го и сакајте го. Ако сте скептични, малата помош од оваа листа е добра работа.

Погледнете и кои знаци покажуваат дека партнерот е ваш најдобар пријател.

Популарно

Може ќе ве интересира