18 магични употреби на вазелинот
Сигурно сте го забележале во многу продавници. Веројатно не мислите ништо за него, но вазелинот е магичен продукт за убавина кој не знаевте дека ви треба. Тој не е само за навлажнување на кожата, всушност вазелинот е одличен за дури 18 алтернативни употреби. Погледнете за што станува збор.
1. Шминка
Ако имате стара сенка за очи, само додајте малку вазелин во неа и ќе имате нов кармин! Ако имате кармин кој не го користите, измешајте го со малку вазелин и ќе добиете кремасто руменило за образи.
2. Полирање на чевли
Ги оштетивте омилените чизми? Немојте да се грижите. Само ставете малку вазелин на оштетеното место и тие ќе станат како нови.
3. Отстранување на шминка
Марамчињата за отстранување на шминка може да бидат скапи, а и груби за вашата кожа. Вазелинот е евтин и нежен начин да ја отстраните шминката, па дури и тврдоглавата водоотпорна маскара.
4. Пилинг за тело
Додајте малку морска сол или шеќер во вазелинот и ќе добиете прекрасен пилинг за тело. Не само што вашата кожа ќе биде чиста и свежа, туку вазелинот истовремено ќе ја навлажни.
5. Фарбајте ја косата… не кожата
Ако се фарбате дома, тогаш ја знаете маката кога ќе обоите друг дел од телото наместо косата. За да го решите овој проблем, нанесете вазелин на линијата на косата и на вашите уши пред да се фарбате.
6. Одржување на жилетите
Нанесувањето тенок слој на вашите жилети ќе ги одржи поостри подолго време. Ова исто така ќе помогне бричењето да биде понежно.
7. Суви стапала
Нанесете дебел слој вазелин на стапалата и облечете чорапи пред да си легнете. Можеби ви звучи одвратно, но вашите стапала ќе бидат чисти, навлажнети и по неколку денови нема да ги препознаете.
8. Средување на кутикулите
Нанесете малку вазелин на вашите кутикули и ќе ја намалите болката. Овој третман исто така ќе ги зајакне.
9. Најдобриот маникир/педикир
Нанесете малку вазелин на кожата околу вашите нокти пред да ги лакирате. Ова ќе ви помогне да го лакирате само нокотот, а не и кожата околу него.
10. Подолго траење на парфемот
Најдобриот начин да го „натерате“ парфемот да трае подолго е да нанесете вазелин на местата каде што ќе го нанесете.
11. Одржете ги фенерите од тиква свежи
Ако сакате да правите фенери од тиква за Ноќта на вештерките, ставете малку вазелин на исечените места и ќе го забавите процесот на скапување.
12. Спречете го влегувањето на шампонот во очите
Ова е навистина добро за мајките. Нанесете малку вазелин над веѓите на бебето и ќе ја спречите водата да оди на неговото лице.
13. Скријте ги испуканите врвови на косата
Понекогаш е невозможно да одите на фризер секогаш кога е потребно. Кога ќе се случи ова, нанесете малку вазелин на испуканите врвови за да ги прикриете.
14. Отстранување на шминка од облеката
Само нанесете малку вазелин на дамката и исперете како и обично.
15. Заштитете ги раните
Кога бил откриен, вазелинот се користел за спречување на инфекции на разни рани. Тој не е антисептик, но е како ѕид помеѓу раната и батериите.
16. Отстранување гума за џвакање од косата
Нанесете вазелин околу гумата за џвакање и косата околу неа, и таа ќе излезе лесно без да ја оштетите косата.
17. Отстранување на восок
Кога восокот од свеќата ќе капне на некоја површина, можете да го отстраните со вазелин. Нанесете малку вазелин околу восокот, оставете го некој период да отстои, па избришете.
18. Поправање на мали гребаници
Нанесете малку вазелин на гребаницата на дрвениот мебел и оставете го да отстои 24 часа. Потоа избришете.
Погледнете ги и овие кратки совети за убавина.