9 трикови за поголем волумен на вашата коса

Сподели

Секоја девојка сонува за густа коса со волумен. Но дури и ако вашата коса не е природно бујна, има начин да го постигнете овој изглед со неколку едноставни трикови. За овие трикови ќе ви бидат потребни предмети кои ги користите секој ден.rn

Реклама

1. Чешлајте ја косата само откако ќе ја исушите

rnЗа да не ја оштетите косата додека ја сушите, користете ги само вашите прсти во процесот. Кога целосно ќе ја исушите, завршете со обликувањето користејќи голема четка за коса.rn

2. За да додадете волумен на опавчето, користете шнола за коса

rnСоберете ја косата во опавче. Потоа одделете еден прамен од горниот дел (околу 1/4 од опавчето) и зацврстете го со шнола. Спуштете го праменот за да ја скриете шнолата. Овој едноставен трик двојно ќе го зголеми волуменот на вашето опавче.rn

3. Уште еден трик за импресивно опавче

rnНаместо целата коса да ја стегнете со стегач, поделете го опавчето во два дела и затегнете го секој дел посебно.rn

4. Волумен без да трошите време

rnАко немате време за правење фризура, овој трик многу ќе ви се најде. Откако ќе ја измиете, соберете ја косата во две пунџи и испрскајте ги со лак за коса. Исушете ги пунџите со фен, оставете ги да се изладат и пуштете ги.rn

5. И шампоните за суво миење се од помош

rnНанесете шампон за суво миење на вашите корења. Нанесувајте прамен по прамен. Откако ќе се впие, исчешлајте ја косата. За резултатите да траат подолго, напрскајте ја косата со лак.rn

6. Плетенка

rnОткако ќе ја направите плетенката, почнете да извлекувате прамени од неа почнувајќи од доле. Волуменозните плетенки полесно се расплетуваат, па затоа зацврстете ја со лак за коса.rn

7. За поголема густина, исушете ја косата уште еднаш

rnКога ќе завршите со правењето фризура, исушете ја уште еднаш со фенот. Наведнете ја главата надолу и сушете неколку минути. Ова ќе помогне фризурата да трае подолго и ќе ѝ додаде волумен на косата.rn

8. Експериментирајте

rnПатецот на косата можеби изгледа како мал детаљ, но всушност има многу голема улога. Најлесно е да го промените додека косата ви е мокра. Откако ќе ја измиете, со вашите прсти направете нов патец, а потоа исушете ја косата со фен. Ако сте навикнати да носите патец на средина, пробајте да го ставите на страна.rn

9. Ако немате време за фризури, користете спреј за волуменот

rnКога немате време да ја миете и сушите косата, и да правите фризури, едноставно нанесете спреј за волумен или пена за коса на вашите корења. Разбушавете ја косата со прстите и потоа исчешлајте ја. Со ова ќе го постигнете саканиот резултат брзо и ефективно.

Погледнете ги и овие трикови за поголем волумен на косата.

Популарно

Може ќе ве интересира