Без разлика што работите сега, да бидете гушкач на мачиња со полно работно време сигурно е многу позабавно. Ова е работа од соништата на многу љубители на овие животни. Работното место се наоѓа во една ветеринарна клиника во Даблин.rnrn
rnrnСпоред клиниката, сè што треба да поседувате за оваа работа е многу љубов кон мачињата. Оваа клиника е само за мачки и тие имаат потреба од некој што ќе им помага на нивните пациенти да се чувствуваат подобро. Според описот на работното место, идеалниот кандидат треба да има нежни раце, способни за долго галење. Исто така тој треба да знае како да разговара со мачињата и да ги смирува. Способноста да ги разликувате различните начини на предење се смета за предност.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnАко сметате дека сте квалификувани за работното место, можете да се пријавите тука. Кој знае, можеби токму вие ќе бидете избраниот!rnrnПогледнете ги и овие насмеани мачиња кои сигурно ќе ви го разубават денот!
Работа од соништата: Гушкач на мачиња
