Прекрасни особини што им се заеднички на сите жени кои зрачат со топлина и самодоверба
Понекогаш изгледа како магија кога некои луѓе знаат едноставно да бидат опојни, но всушност тие прават некои работи, намерно или ненамерно, за да остават добар впечаток. Некои од нив се природно харизматични, а некои морале да научат како да бидат такви со тоа што ги применувале советите од другите во своето секојдневно однесување. Тие се издвојуваат од толпата и покрај нив секој се чувствува добро. Тие се самоуверени и пријатни. Погледнете ги овие 6 совети за да откриете дали сте природно шармантни, или пак да пронајдете нешто кое ќе можете да го искористите за градење сопствени самодоверба и харизма.
1. Ја кажуваат својата приказна
Харизматичните луѓе разговараат со другите на начин кој е многу попривлечен отколку зборувањето. Не зборуваме за луѓето кои постојано зборуваат само за себе. Таквите луѓе не се само ладни и тешки, туку им недостига самодоверба што е потребна за да бидат шармантни. Харизматичните луѓе споделуваат приказни за себе и за својот живот, но на начин на кој се поврзуваат со оние покрај нив, преку приказни со кои другите може да се идентификуваат. Така создаваат место за вистински разговори.
2. Добри се во слушањето
Едно е да имате добра приказна, а друго е да бидете и добар слушател. Овие личности им дозволуваат на другите да зборуваат, а тие да се претворат во уво. Навистина учествуваат во разговорот низ контакт со очите. Тие се смеат, климаат со главата, не го прекинуваат соговорникот и не се надвикуваат. Нивниот фокус е на другите, а не на нив самите.
3. Го оставаат егото зад себе
Шармерите не се затворени. Тие се отворени за мисли и размислувања на другите луѓе. Тие слушаат без осудување. Тие ги споделуваат своите приказни без расправија дали се во право. Тие цврсто стојат до своите уверувања, но ги почитуваат и туѓите. Не морате секогаш да се согласите, но морате да покажете взаемно почитување.
4. Поставуваат прашања
Тие се добри раскажувачи. Тие се добри слушатели. Но, тие исто така се обидуваат да научат нешто за другите така што им поставуваат прашања. Сите ние сакаме да зборуваме за нас во некоја мера, но знаејќи кога треба да го предадеме микрофонот на другата личност е она што го прави разговорот пријатен и добар. Овде нема да постои непријатна тишина, бидејќи секогаш постојат многу работи кои можеме да ги научиме едни за други. Доволно е само да поставувате прашања.
5. Лични се
Не велиме дека харизмата значи да ѝ ја раскажете целата ваша животна приказна или најдлабоките и најмрачни тајни на првата личност која ќе ја сретнете, но ве советуваме дека интимната длабочина во разговорот е секогаш добредојдена. Никој не сака да чувствува дека сте лажна личност и дека лажете кога се изразувате. Сите ние имаме луди семејни приказни, неудобни моменти и грозен прв љубовен состанок што сакаме да го споделиме со некого. Луѓето ќе ве ценат доколку ве видат во вистинско светло.
6. Сѐ е во начинот на движење
Шармантната личност сѐ започнува со начинот на кој влегува во просторијата. Нема да биде забележана доколку гледа во подот и сокривајќи се далеку од сите, во најблискиот агол. Изгледајте самоуверено, без разлика дали навистина се чувствувате така или не. Чекорете со подигната глава. Држете го вашето тело лесно и слободно, а не вкочането и непристапно.
Сите ние имаме топлина и доверба некаде во нас и можеме да научиме како да бидеме харизматични. Користењето на овие совети ќе ви помогнат да го разбудите она најдоброто во себе, а тоа потоа ќе го извлече најдоброто и од другите околу вас.
Прочитајте и на кој начин се заљубуваат силните жени…