КАФЕ ПАУЗА

Необичен тренд во светот на кафето: Би пробале ли лате во авокадо?

Необичен тренд во светот на кафето: Би пробале ли лате во авокадо?

Нашата омилена здрава храна ги здружи силите со утринската напивка без која не можеме да го започнеме денот. Кој може да му одолее на авокадото?! Тоа е совршената здрава ужина што ви треба за да си ја вратите енергијата во текот на денот. Латето е исто толку неодоливо. И покрај тоа што има сосема поинаков вкус, овој кофеински пијалак го постигнува истиот ефект како и авокадото.rnrnНеобичен тренд во светот на кафето: Би пробале ли лате во авокадо?rnrnЕ сега, замислете си да ги споите овие две задоволства во едно! Звучи малку чудно, се согласувате? Сепак, оваа комбинација стана реалност и предизвика многу поделени мислења.rnrnАко некогаш одите во Австралија, мора да поминете до кафулето „Truman Cafe“ во Мелбурн за да имате можност самите да го пробате нивниот најнов изум. Ова австралиско кафуле од неодамна почна да служи аволате. Да, добро прочитавте: Аволате.rnrnНа прв поглед ова делува како поздрава и поегзотична опција од обичното лате, но пред да одлучите дали би пробале аволате, погледнете го видеото за да го видите овој необичен пијалак со свои очи…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=yOmvNYOCbAwrnrnДоколку сепак не би сакале да експериментирате, погледнете го стандардниот рецепт за кафе лате (coffee latte).