5 телесни миризби што не треба да ги игнорирате

5 телесни миризби што не треба да ги игнорирате

Нормално е по интензивното вежбање или по јадењето хамбургер полн со кромид да ви се случи да мирисате непријатно. Во ваквите случаи доволно е само да се истуширате, да ставите малку дезодоранс или да џвакате мастика, но понекогаш ослободувањето од непријатниот мирис не е толку едноставно. Тоа е така затоа што вашиот телесен мирис може да ви открие многу работи за вашето здравје. Според едно шведско истражување, некои болести предизвикуваат посебен мирис што се разликува од вообичаениот. Ова се 5-те телесни миризби кои можеби укажуваат на посериозен проблем и кои никако не смеете да ги игнорирате…

5 телесни миризби што не треба да ги игнорирате

1. Овошниот здив е симптом на дијабетес

Кога организмот не лачи доволно инсулин, нивото на шеќер во крвта се покачува и како резултат на тоа вашиот здив може да добие овошен мирис. Ова е почеста појава кај луѓето со дијабетес тип 1, за разлика од оние со дијабетес тип 2. Но, што точно се случува во телото? Телото не може да произведе доволно енергија за да функционира како што треба, па затоа почнува да ги користи масните киселини. Ова предизвикува натрупување на киселински хемикалии во крвта кои се викаат кетони. Една од главните киселини, ацетонот, е виновна за овошниот мирис на здивот. Вие можеби не го забележувате мирисот, но докторите можат да го почувствуваат веднаш штом влезете во ординацијата.

5 телесни миризби што не треба да ги игнорирате

Последиците од овој тип дијабетес може да бидат смртоносни. Симптомите се често повраќање и уринирање што може да доведе до губење преголема количина на течности. Другите симптоми вклучуваат истоштеност, замаглен вид, необјасниво губење на тежината, сува уста, отежнато дишење и болки во стомакот. Доколку забележите некои од овие симптоми придружени со овошен мирис на здивот, веднаш побарајте лекарска помош.

2. Непријатниот мирис на стапалата и симптом на атлетско стапало

Дали вашите патики постојано мирисаат лошо? Главниот виновник за тоа можеби е габичната инфекција. Доколку забележите дека кожата околу прстите на стапалата ви е сува и груба, имате црвенило и плускавци, тогаш можеби имате атлетско стапало. Комбинацијата од бактериите и габите што се населиле на вашата кожа помеѓу прстите може да предизвика непријатен мирис. Никако немојте да ги чешате стапалата и потоа да допрете друг дел од телото, бидејќи на тој начин можете да ги пренесете габите низ целото тело, а тоа ќе предизвика лош мирис и во тие области.

5 телесни миризби што не треба да ги игнорирате

Ако го игнорирате атлетското стапало, кожата помеѓу прстите на вашите стапала ќе стане многу мека и влажна што може да доведе до покомплицирани бактериски инфекции како што е целулитис. Оваа габична инфекција лесно може да ја добиете од теретаната во која вежбате, па затоа никогаш не газете боси во соблекувалната, туку носете некаков вид обувки. Со оглед на тоа што габите ги обожаваат влажните средини, доколку вашите стапала често се потат, користете пудра за да ја одржите нивната сувост.

3. Непријатниот мирис на изметот е симптом на нетолеранција на лактоза

Кога вашето тенко црево не произведува доволно од ензимот наречен лактаза, тоа не може да ја обработи лактозата, односно шеќерот што се содржи во млечните производи. Па затоа, вашето тенко црево ја пренесува лактозата директно во дебелото црево наместо во крвотокот. Тоа може да предизвика, течна столица со непријатен мирис, подуеност и гасови. Нетолеранцијата на лактоза е многу честа и другите симптоми вклучуваат болни грчеви во стомакот, мачнина, дијареја и повраќање.

5 телесни миризби што не треба да ги игнорирате

За повеќето луѓе, доволно е да внесат само 12 грама лактоза, односно 237 милилитри млеко или чашка сладолед за да ги почувствуваат овие непријатни симптоми. Доколку вашите гасови и измет мирисаат лошо откако сте испиле млеко, најдобро би било да го посетите вашиот доктор.

4. Урината со силен мирис е симптом на инфекција на уринарниот тракт

Инфекцијата на уринарниот тракт може да предизвика урина со силен и непријатен мирис. Ова се случува кога некои бактерии, најчесто ешерихија коли, влегуваат во уринираниот тракт и мочниот канал. Потоа, тие се размножуваат во мочниот меур и предизвикуваат инфекција. Овие инфекции се почести кај жените отколку кај мажите, бидејќи нивниот мочен канал е пократок. Доколку забележите дека вашата урина мириса чудно, најдобро би било да се консултирате со вашиот доктор.

5 телесни миризби што не треба да ги игнорирате

5. Лошиот здив е симптом на ноќна апнеа

Доколку вашиот здив е секогаш лош наутро дури и тогаш кога редовно ги миете забите, можно е да имате проблем со недијагностицирана ноќна апнеа. Ова нарушување предизвикува вашето дишење повремено да запира и продолжува додека спиете. Ноќната апнеа може да доведе до ’рчење поради што почнувате да дишете преку устата во текот на ноќта. Тоа може да ви ја направи устата многу сува, што е најчестата причина за лош здив. На овој начин, бактериите повеќе се размножуваат и произведуваат сулфурен гас кој на вашиот здив му дава мирис на расипано јајце.

5 телесни миризби што не треба да ги игнорирате

Доколку ги преземате сите потребни мерки, но сепак се будите со лош здив и страдате од поспаност во текот на денот и ’рчење, закажете лекарски преглед. Многу е важно да ја дијагностицирате ноќната апнеа што е можно побрзо, бидејќи ова нарушување на спиењето се поврзува со дијабетес, висок крвен притисок и срцеви заболувања.

Доколку имате проблем со лоши миризби на телото, научете како да го правите следниов природен напиток кој ги убива сите непријатни телесни мириси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар