Создајте оригинална модна комбинација со најпопуларните сезонски бои

Создајте оригинална модна комбинација со најпопуларните сезонски бои

Мал пролетен шопинг со сигурност нема да ви наштети. Ако веќе сте планирале да купите неколку парчиња облека за сезоната во која се наоѓаме, ние ги имаме најоригиналните совети околу боите кои би требало да ги имате во гардероберот и со кои би требало да ги надополните вашите секојдневни модни комбинации. Можеби некои од нив ќе ве изненадат, бидејќи не ги доживуваме како „летни“, но тие без сомнение владеат на улиците низ градовите ширум светот.

1. „Валкано“ розова

(1) sozdajte-originalna-modna-kombinacija-so-najpopularnite-sezonski-boi-www.kafepauza.mk (2) sozdajte-originalna-modna-kombinacija-so-najpopularnite-sezonski-boi-www.kafepauza.mk

Малку е потемна од пастелната нијанса на розова, но за оваа пролет се препорачува од страна на најголемите модни експерти. Бидејќи е нежна и не многу впечатлива, повеќе можете да ја користите како неутрална боја со која ќе ги надополните повпечатливите бои за да добиете оригинална модна комбинација. Во секој случај, оваа боја е една од популарните за оваа пролет, а овој тренд ќе продолжи и во текот на летната сезона.

2. Светло зелена

(3) sozdajte-originalna-modna-kombinacija-so-najpopularnite-sezonski-boi-www.kafepauza.mk

Поточно, станува збор за нијанса која е помеѓу светло зелената и темно зелената боја, која одлично прилега на сечие лице, а особено на бринетите. Во комбинација со фармерки и некои потемни детали, облеката во овие бои ќе биде полн погодок за убав и успешен пролетен ден.

3. Темно портокалова

(4) sozdajte-originalna-modna-kombinacija-so-najpopularnite-sezonski-boi-www.kafepauza.mk (5) sozdajte-originalna-modna-kombinacija-so-najpopularnite-sezonski-boi-www.kafepauza.mk

Иако се навикнавме оваа нијанса на портокалова боја да ја гледаме во студениот, зимски период, сепак можеме да ја забележиме и во потоплото време. Оливија Палермо уште на почетокот од есента ја престави оваа боја како доста атрактивна, а сега е еднаква на розовата нијанса од почетокот на текстот, односно се смета како неутрална боја.

Преминете на следната страница за останатите модни комбинации…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар