Сигурно сте слушнале некои од овие митови, па можеби дури и сте применувале некои од нив мислејќи дека им правите добро на вашите заби. Денес, повеќето се покажале како грешни, а некои од нив може само да ви наштетат. Погледнете за кои митови станува збор.rn
1. Шеќерот е најголемиот непријател на забите
rn
rnrnВсушност, „лошите“ бактерии кои произведуваат киселина се одговорни за кариесот. Остатоците од јаглехидрати на нашите заби се храна за овие бактерии. Се разбира и шеќерот спаѓа во јаглехидрати, но и многу други продукти, како на пример, „здравите“ житарки кои исто така спаѓаат во оваа категорија.rn
2. Бремените жени не можат да одат на заболекар
rn
rnrnВажи токму спротивното – ако има воспаление на забот кај бремена жена, мора веднаш да биде отстрането. Најголемиот страв на идните мајки е дека лековите за болка може да имаат лошо влијание на фетусот. Сепак, не мора да ја трпите болката, модерните истражувања покажале дека денешните анестетици се доволно безбедни за бремените жени. Но, треба да му кажете на вашиот заболекар дека сте бремена за да го има тоа предвид.rn
3. Нема потреба да ги поправате млечните заби
rn
rnrnМлечните заби имаат потенок емајл и поради тоа се помалку заштитени од бактерии. Занемарувањето на кариесот на млечен заб може да доведе до загнојување што подоцна може да му наштети на трајниот заб.rn
4. За добро чистење на забите треба да се користи тврда четка
rn
rnrnЗа четкање на забите секогаш треба да користите четка со меки влакна. Некои заболекари го препорачуваат ова за да не го повредите вашето непце. Важно е да ги следите овие едноставни правила: четкајте ги забите два пати на ден и менувајте ја четката за заби секои 3 до 4 месеци.rn
5. Треба да користете чепкалка за заби после секој оброк
rn
rnrnКористете конец за чистење заби бидејќи чепкалките може да го повредат вашето непце. Покрај тоа, ако имате потреба да ги чистите забите после секој оброк, можеби е време да го посетите вашиот заболекар.rnrnПреминете на следната страница за повеќе митови и вистините зад нив…rn
