КАФЕ ПАУЗА

5 совети како да се ослободите од досадните „љубовни рачки“ на стомакот

Ќе ви биде потребно некое време за да ги отстраните овие непосакувани наслаги на стомакот, но немојте да се обесхрабрите. Многу луѓе се борат со проблемот познат како „љубовни рачки“ кои имаат тенденција цврсто да се „фатат за вашиот стомак“ и да одбијат да се пуштат. Сјајната вест е тоа што можете да ги отстраните засекогаш, само треба секојдневно да се придржувате до овие 5 едноставни правила кои ќе ви дадат сјајни резултати со тек на време.rnrn1-5-soveti-kako-dosadnite-ljubovni-rachki-na-stomakot-da-ischeznat-zasekogash-www.kafepauza.mk_rn

1. Избегнувајте ги лошите (бели) јаглехидрати

rnНаместо тоа, јадете храна која содржи сложени јаглехидрати како што е слаткиот компир или пченичното брашно. Не само што таа храна ќе ви даде енергија и чувство на ситост во текот на денот, туку ќе ви помогне и да ја обликувате линијата.rn

2. Испијте шолја бел чај

rnИстражувањата покажале дека белиот чај може да го забрза топењето на масните наслаги, да го блокира создавањето на нови наслаги и маста да ја претвори во енергија.rn

3. Не заборавајте да пиете вода

rnБез внесување доволна количина вода и одржување на секојдневната хидратација, можете веднаш да заборавите на губењето на здодевните вишок сантиметри.rnrnrn

4. Забрзајте ја работата на срцето

rnКардиоваскуларните вежби не мора да значат испуштање на душата на лентата за трчање или стотина кругови околу фудбалскиот терен. Масните наслаги можете да ги истопите правејќи едноставни, почетнички вежби, како што се брзото одење, возење собен велосипед или пливање.rn

5. Практикувајте длабоко дишење

rnДали знаевте дека хормонот на стрес, кортизол, всушност ги задржува масните наслаги во вашето тело? Како да стресот самиот по себе не е доволно лош. Но, сега кога го знаете тоа, направете ментална забелешка во главата и вежбајте ги техниките за опуштање, како што е медитација, секогаш кога ќе се почувствувате анксиозно или под стрес.rnrnОткријте и кои се 5-те видови стомачиња што не се предизвикани од вишок килограми!