Науката вели дека овој тип луѓе обожаваат да си седат голи дома
Добри новости за оние што обожаваат дома да си седат голи – тоа е знак дека можеби сте високо интелигентни. Во ред, можеби е малку покомплицирано од тоа, па пред да почнете да им кажувате на сите дека сте гении, бидејќи обожавате да го минувате денот со гол задник, прво погледнете ја студијата која ја вклучува скалата на личност позната како „Големите пет“! Ако немате чуено досега за „Големите пет“, на кратко се работи за скала што ја дели човековата личност на 5 категории: Екстраверзија, совесност, невротичност, отвореност кон искуства (или интелигенција) и соработливост. Повеќе информации можете да прочитате тука – веќе имаме пишувано на оваа тема!
Да се вратиме на студијата на Бенџамин П. Чапман и Луис Р. Голдберг, што вклучува истражување на овие карактерни црти и што тие значат во секојдневниот живот на луѓето. Кои се дневните навики на некој што е невротичен? Како луѓето што имаат висока совесност реагираат во одредени ситуации? Дали има поврзаност помеѓу интелигенцијата и одредени преференции? Изгледа дека одговорот на последново прашање е: ДА!
Луѓето со повисока соработливост почесто пееле во туш, оние со повисока совесност поретко јаделе нешто зачинето за појадок, личностите со висока екстраверзија почесто зборувале на телефон додека возеле и да, оние со повисока интелигенција најчесто си седеле во домот без облека. Па, следен пат кога некој ќе се обиде да ве осуди затоа што ги минувате деновите во вашиот „роденденски костим“, потсетете се дека најверојатно сте попаметни од нив.
Прочитајте ги и овие научно потврдени причини зошто би требало да спиете голи!