Дали зависноста од технологијата има некоја предност?

Дали зависноста од технологијата има некоја предност?

Тинејџерите користат помалку дрога од кога било порано. Слично на ова, пушењето и пиењето исто така драстично се намалиле. Па што се случува? Познато мислење е дека другите зависности се заменети со зависноста од технологијата.

Дали тинејџерите навистина се „дрогираат“ со нивните смартфони?

(1)dali-zavisnosta-od-tehnologija-ima-nekoja-prednost-kafepauza.mk

Доктор Силвија Мартинс, која работи на оваа теорија, смета дека е вистинита но дека сè уште не е пошироко тестирана. Причината за заменувањето на дрогата со телефоните е тоа што тие ја исполнуваат потребата за нешто ново. Игрите на смартфоните имаат ист ефект како и дрогата – тие предизвикуваат задоволство. Доктор Џејмс Робертс смета дека сè што предизвикува задоволство може да стане зависно.

И лекарите сметаат дека ова се добри новости

(2)dali-zavisnosta-od-tehnologija-ima-nekoja-prednost-kafepauza.mk

Иако и лекарите сметаат дека овие новости се позитивни, сепак предупредуваат дека честото користење на смартфоните може да биде лошо. На овој начин се избира помалото зло од двете. Кога некој има проблем со зависност, подобро тоа да биде зависност од технологија отколку од дрога.

Кои се опасностите од зависноста од смартфоните?

(3)dali-zavisnosta-od-tehnologija-ima-nekoja-prednost-kafepauza.mk

Одговорот е комплициран, а ефектите не можат да се поделат само на позитивни или негативни. Една од опасностите е уништување на врските. Кога зависноста е екстремна сигурно има сериозни последици. Можеби не е како предозирање, но сепак има влијанија на животот кои можат да бидат лоши и колку злоупотребата на алкохол и дрога.

Друга опасност е што никој не знае какви последици произлегуваат од долгото користење смартфони. Сè уште не е познато дали има долгорочни ефекти кај тинејџерите кои поминуваат многу време на социјалните мрежи или играјќи игри.

Намалената злоупотреба на алкохол и наркотици е добра работа, но заменувањето на една зависност со друга не е баш паметна одлука. Во последно време смартфоните станаа потреба наместо желба. Секој од нас има потреба да поседува смартфон и тие се мешаат во нашите врски, нашето работно место, нашата физичка безбедност… всушност тие се присутни во секој аспект од нашиот живот.

Погледнете и што се случува со вашиот мозок кога навечер го проверувате смартфонот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар