2 нерешливи проблеми кои ги има секој љубовен пар

2 нерешливи проблеми кои ги има секој љубовен пар

Ниту една личност не е совршена, па така ниту љубовните врски можат да бидат идеални, како од соништата. Токму поради ова не треба да се чудите за тоа што секоја врска има и нерешливи проблеми, бидејќи тоа е сосема нормално.

1-dva-nereshlivi-problemi-koi-gi-ima-sekoj-ljuboven-par-www.kafepauza.mk_

„Траен“ конфликт на парот

Според мислењето на Џон Готман, ценет психолог и професор кој целиот свој работен век го посветил на истражувањето на љубовните односи и брачната стабилност, идејата за тоа дека паровите мораат да ги решат сите свои проблеми е само бајка. Дури и најсреќните парови имаат „трајно“ нерешени конфликти. Понекогаш тоа се мали работи како караницата околу тоа кој ќе биде задолжен за миењето на садовите, а понекогаш причина за конфликтот е некоја важна работа. Готман вели дека во врските и браковите дури 69% од караниците започнуваат токму поради тие нерешени конфликти.

Тие пак се резултат на фундаменталните разлики помеѓу партнерите, разликите во карактерите, потребите и очекувањата. Поради тоа е нереално да очекувате дека навистина ќе ги решите. Многу пореално е да очекувате дека со одредена доза компромис ќе научите да ги толерирате разликите поради кои и доаѓа до конфликти.

„Голтање“ на емоциите

Понекогаш веднаш реагираме на некоја проблематична ситуација и истата секунда го изразуваме нашиот став или мислење за неа, но често ги голтаме емоциите и потоа дополнително се одлучуваме да го решиме проблемот што нѐ мачи. Експертите одамна советуваат дека не е добро да ја сокривате повреденоста, иако тоа прво ви доаѓа да го направите. Игнорирањето на проблемот доведува до насобирање на негативни емоции кои пред или подоцна ќе излезат на површината, но обично во погрешен момент и поради некоја друга причина. Секако, без разлика на тоа што знаеме дека не е добро да ги голтаме емоциите или да ги игнорираме проблемите, сепак и понатаму го правиме тоа.

Можеби овој партнер не ви одговара? 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар