Омилените цртани филмови од детството успеваа да нѐ насмеат до солзи, а и денес понекогаш го постигнуваат истиот ефект без оглед на тоа што сме возрасни. Сигурно сте забележале дека во светот на цртаните филмови важат физички закони кои се поинакви од тие во реалноста. Овие физички закони нема да можете да ги објасните колку и да се обидувате, но да бидеме искрени, нема ни потреба од тоа. Сите знаеме дека нивната главна цел е да нѐ насмеат и да нѐ забавуваат. Погледнете за кои физички закони станува збор…rn
1. Гравитација
rn
rnrnКога некој цртан лик ќе падне во провалија, тој продолжува да чекори во воздух додека не сфати што се случува и дури тогаш почнува да паѓа.rn
2. Експлозиви
rn
rnrnЕксплозиите на динамити уништуваат работи, ја распарчуваат облеката на ликовите и ги покриваат со чад, но самите ликови немаат никакви повреди.rn
3. Силуети
rn
rnrnСите што трчаат кон цврста пречка како што е ѕид, таван или снежен нанос, поминуваат точно преку неа, а силуетата им останува на површината.rn
4. Непобедливост
rn
rnrnНиту една опасна активност не им остава трајна штета на ликовите.rn
5. Сплескување
rn
rnrnСекој лик што несреќно ќе заврши под камион, автомобил или ќе падне од голема височина, се сплескува и потоа се враќа во нормала.rn
6. Замислени предмети
rn
rnrnАко цртаните ликови помислат на некој предмет, тој веднаш може да се појави во нивните раце.rnrnПродолжете на следната страница за да дознаете кои се останатите физички закони што не важат во цртаните филмови…rnrn
