Многу жени ја одбираат депилацијата како метод за отстранување на несаканите влакна. Но, таа може да ја иритира кожата и да предизвика алергиски реакции кај одредени луѓе. Па зошто да не пробате некои од природните состојки кои ќе ви помогнат во борбата со несаканите влакна?
rn
1. Млеко и куркума
rnИзмешајте ги млекото и куркумата за да добиете паста. Нанесете ја смесата под вашите пазуви и оставете ја да се исуши. Отстранете ја и исплакнете со студена вода.rn
2. Смеса со природен восок
rnИзмешајте шеќер, мед и неколку капки лимонов сок и стоплете ја смесата. Нанесете ја на вашите пазуви и користете ленти од платно за да ги отстранете влакната.rn
3. Пченично брашно и белки од јајца
rnНаправете смеса од состојките и мешајте додека не се изедначи. Нанесете ја на пазувите и отстранете кога ќе се исуши.rn
4. Пченично брашно и вода од роза
rnИзмешајте ги состојките додека не се изедначат и додајте неколку капки лимонов сок. Нанесете под пазувите и отстранете кога ќе се исуши.rn
5. Пилинг со леќа
rnСомелете 200 грама леќа. Додавајте мед и лимон додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја оваа смеса под пазувите и отстранете после 15-20 минути.rn
6. Вода и сол
rnВо топла вода додајте сол. Натопете памукче во водата и нежно масирајте под пазувите. Растот на влакната значително ќе се намали.rn
7. Интегрално брашно и куркума
rnИзмешајте ги состојките и додајте мед или сусамово масло. Нанесете го на кожата и оставете го околу 30-тина минути да се исуши, а потоа отстранете.rn
8. Папаја и куркума
rnПапајата дефинитивно ќе го намали растот на влакната. Направете хомогена смеса од папаја и куркума и нежно масирајте под пазувите. Ако кожата ви е сува може да додадете мед или млеко.
Доколку сепак се одлучивте за депилација, прочитајте ги овие совети.

