Претходно
Диетално смуди со кафе што ќе ви ја задржи линијата и ќе ве наполни со енергија
Нема да почувствувате подобар вкус, а ќе заштедите и на време!
Потребни состојки:
- 230 милилитри свежо подготвено кафе
- 1 банана
- 100 грама овес
- 1 лажица какао во прав
- 1 лажица ленено семе
- 1/8 лажица цимет во прав
- 230 милилитри бадемово млеко (или млеко од соја, по вкус)
- 1 лажица мед
Начин на подготовка:
Сипете го кафето во калап за ледени коцки и оставете го да замрзне во текот на ноќта. Следното утро ставете ги сите состојки во блендер, заедно со ледените кафени коцки и матете додека не добиете хомогена смеса. Уживајте!