Доаѓаат оние денови во месецот кога се претворате буквално во „чудовиште“. Особено поради сите оние луѓе кои во текот на тие денови ве трпат и ви угодуваат. Со мало пребарување ги пронајдовме најдобрите совети за ублажување на менструалните болки. Ви откриваме неколку навики и совети кои проверено помагаат во текот на „оние денови“ и кои ќе направат да се чувствувате подобро и не толку непријатно. Заблагодарете ни се подоцна.
rn
1. Наспијте се
rnШто се однесува до нас, спиењето е лек за сѐ! За секое расположение и за секој проблем, бидејќи после спиењето сѐ изгледа некако поубаво и полесно, затоа што и самите се чувствувате така. Бидејќи во „оние денови“ сте прилично исцрпени, нервозни, надразнети и не ви е до ништо, на вашиот организам ќе му одговара одвреме-навреме да поспиете за да се опуштите, но и за да се згреете. Моментот на топлина е доста важен кога ве боли стомакот – кога ви е топло, вашиот крвоток е подобар што понатаму делува на намалување на болката. Значи, омиленото ќебенце во раце и веднаш во кревет.rn
2. Направете си топла купка
rnПосле опуштениот и топол сон, направете си топла купка. За уште подобро чувство и ефект, во водата додајте етерично масло за да си овозможите боговско уживање, како за духот, така и за телото. Ќе бидете како нови – многу поопуштени, со помалку болки и грчеви, но и порасположени.rn
3. Јадете редовно и разновидно
rnБидејќи веќе сте исцрпени од болките, одвај станувате од креветот и се движите, не би било паметно да ги прескокнувате оброците. Дури и ако ви е мачно, морате да јадете и тоа најмалку 3 пати дневно. Јадете разновидна храна, здрава секако, а би било одлично ако успеете и да го избегнете сето она што е премногу масно, зачинето и „тешко“ и тоа особено во доцните часови. Фокусирајте се на намирниците кои се богати со железо и витамин Б. Во својата исхрана додајте и корен од ѓумбир кој е одличен против болки, а ако не ви пријаат, тргнете се и од млечните производи.
rn
4. Јадете чоколадо
rnО да, слатките се дозволени во „оние денови“, бидејќи во спротивно, како би преживеале? Чоколадото е вистински десерт за сите сетила, а богато е со железо (помага против заморот) и магнезиум (за подобро расположение). И да, чоколадото е поим за среќа. Доволно е кажано.rn
5. Внесувајте доволно течности
rnВсушност, ова би требало да го практикувате во текот на сите, а не само во „оние“ денови. Во согласност со потребите и стилот на живеење, пијте што е можно повеќе вода (до 2 литри), топли чаеви, овошни сокови, а особено сок од ананас, бидејќи е богат со ензимот бромелаин кој ги ублажува болките и воспаленијата. Само избегнувајте ги ладните и газирани пијалаци. Потребна ви е топлина.rn
6. Практикувајте јога
rnЗнаеме дека ве мрзи да се движите и да живеете кога ќе добиете, но лесната физичка активност, ништо напорно и стресно, се препорачува за да се чувствувате подобро. Физичката активност ги загрева вашите мускули, а како што веќе кажавме, топлината позитивно влијае на крвотокот кој понатаму позитивно влијае на отстранувањето на болките и грчевите. Запомнете, не правите ништо напорно. Клучот е во тоа да се опуштите и загреете, а не да ви биде уште полошо.
rn
7. Избегнувајте ги тажните филмови и песни
rnВо текот на „оние денови“ сте доста чувствителни и можете да се расплачете за секоја ситница. Затоа, немојте да го поттикнувате тоа специфично расположение со гледање или слушање тажни филмови и песни, бидејќи не мора да значи дека после плачењето ќе се чувствувате подобро од претходно. Менструацијата е чудна состојба и она што важи во „регуларниот“ живот, дефинитивно не важи и во текот на оваа состојба.rn
8. Јадете банани
rnВеќе ја спомнавме разновидната и здрава храна, но треба да ги нагласиме бананите кои се особено добри во текот на циклусот. Бананите се богати со витамин Б6 кој е одличен против грчеви, како и калиум кој ја спречува надуеноста и го подобрува исфрлањето на вишокот течности. А бананите се скоро вкусни како чоколадото.rn
9. Опуштете се со масажа
rn„Оние денови“ би требало да ги разубавите колку што можете повеќе. А целата таа тензија, нервоза, болки, грчеви… Па, потребно ви е мало опуштање, зар не? За тоа одличен избор се масажите и облогите кои ќе ги збогатите со етерично масло од камилица, лаванда или јасмин. Додајте ги во бадемовото или бебешкото масло и препуштете се на уживањето.rn
10. И не заборавајте редовно да ги менувате влошките
rnНа крај, иако се подразбира, сепак ќе ве потсетиме. Во текот на „оние денови“ е доста важно да водите сметка за хигиената, кои влошки ги користите како и за тоа редовно да ги менувате. Само така ќе ги спречите евентуалните иритации и инфекции кои понекогаш се полоши дури и од менструалните болки. Кога ќе пронајдете влошки кои се удобни, пријатни и сигурни, ќе имате една грижа помалку во текот на „оние денови“.
Погледнете ги и овие неколку начини како да ги ублажите предменструалните симптоми.

