Првото „Те сакам“ е многу важно. Ако сте во сериозна врска и сѐ уште не сте изјавиле љубов, тогаш сигурно сте размислувале за своите чувства, и можеби сте почувствувале дека е време да кажете „Те сакам“. Кога ќе го кажете во вистинскиот момент, врската може многу да се подобри. Но, кога не е време за тоа, може да настанат бројни проблеми помеѓу вас и вашиот партнер. Па кога е вистинското време? Како да знаете за сигурно? Погледнете ги овие прашања и вашите одговори може ќе ви помогнат да одлучите дали сега е вистинскиот момент за овие важни зборови.
rn
1. Дали чувате тајни?
rnОва може да звучи како детинесто прашање, но сепак е важно. Вљубените парови не чуваат тајни, тие се секогаш отворени еден кон друг. Ако чувате тајни од вашиот партнер, можеби не е време да ја изјавите вашата љубов.rn
2. Дали очекувате совршенство?
rnКога навистина љубите некого, вие ги љубите и нивните недостатоци, не само карактеристиките што се добри. Љубовта започнува со прифаќање и важно е да разберете дека ниту една личност или врска не се совршени.rn
3. Дали сте пријатели?
rnНе можете да имате функционална љубовна врска доколку вашиот партнер не ви е и пријател. Пријателите заедно се шегуваат, споделуваат интереси, заедно работат на тешките проблеми и најважно, се подржуваат. Пријателството и љубовните врски се многу слични, па затоа и врската што има пријателска основа е многу силна.rn
4. Дали се чувствувате љубоморно?
rnДовербата е од суштинско значење и мора да биде дел од вашата врска пред да кажете „Те сакам“. Ако чувствувате љубомора кога вашиот партнер е сам или со некој друг, тогаш веројатно треба да се воздржите од изјавување љубов. Научете да му верувате на вашиот партнер, бидејќи во спротивно никогаш нема да го љубите како што сакате.rn
5. Дали е само физичка привлечност?
rnФизичката хемија е важна за функционална љубовна врска. Но понекогаш целата врска може да е само тоа. Односот што се темели само на секс води до досадување. Потребно е нешто повеќе за вистинска љубов помеѓу вас и вашиот партнер.rn
6. Дали сте научиле нешто од минатото?
rnМинатите врски можат многу да нѐ научат за сегашноста. Откако ќе прекинете некоја врска, дајте си време да се проучите себеси, да го спознаете вашиот партнер и да разберете зошто врската завршила. Ако немате научено ништо важно од претходните врски, што всушност ѝ нудите на личноста на која сакате да ѝ изјавите љубов? Ако навистина ја сакате, размислете што можете да понудите.
Доколку се одлучивте да ги изговорите овие зборови, погледнете ги овие романтични начини да кажете „Те сакам“.

