Пролетта е тука, сè почнува да цвета и има шаренило насекаде. Таа е една од најдобрите сезони за романса, но како да ја искористите? После долгата зимска хибернација, сè што сакате да направите е да излезете надвор и да уживате во свежиот воздух. Погледнете некои од идеите за совршениот пролетен состанок.rn
1. Вечера на отворено
rn
rnrnБез разлика дали ќе одите во ресторан или ќе готвите дома, вечерата на отворено е многу позабавна доколку ја преместите надвор. Понесете си и некое палто во случај да се појави пролетното ветре.rn
2. Одете на патување
rn
rnrnПролетта е одлично време за нови авантури, па зошто да не одите на заедничко патување? Може да биде кратко – во соседниот град, или можете да одите дури и во соседната држава.rn
3. Направете оган на отворено
rn
rnrnПравење закуски на отворен оган е секогаш забавно. Направете си безбеден камперски оган и кажувајте си страшни приказни, а кога ќе почне да се стемнува, гушкајте се.rn
4. Направете попладневен пикник
rn
rnrnПосле сезонската хибернација, попладневниот пикник е одлична идеја која е истовремено забавна и лесна. Спакувајте свежо овошје, соблечете ги чевлите и уживајте надвор.rn
5. Гледајте ги ѕвездите
rn
rnrnЈасното пролетно небо ви овозможува прекрасен поглед кон ѕвездите. Земете ќебе и некое палто и легнете на автомобилот и обидете се да ги пронајдете Орион и Големата Мечка.rnrnПродолжува на следната страница…rn
