Што кажуваат за нас фотографиите кои ги споделуваме на социјалните мрежи?

Сподели

Што кажуваат фотографиите на Интернет за нас? Кои скриени комплекси или желби, кои некогаш не ни знаеме дека ги имаме, му ги откриваме на светот преку социјалните мрежи? Погледнете ја оваа анализа на различните видови фотографии на социјалните мрежи…rn

Реклама

1. Голем број селфиња (на огледало, во лифт, во теретана и слично)

rnАко поголемиот дел од фотографиите на нечиј профил се селфиња, тоа открива потреба за признание и одобрување од другите, егоцентричност, суета и наклонетост кон нарцизам.rn

2. Секси селфиња

rnНагласената линија на телото кажува „Јас сум слободна и спремна да експериментирам.“ Размислете дали е потребно толку отворено да му кажете на светот дека сте „достапни“ користејќи го вашето тело како мамка и како начин да се „продадете“. Дали мислите дека мажите сакаат сериозна врска со таква мамка?rn

3. Фотографии со партнерот

rnТоа е приказ на вашата врска и на фактот дека ја гледате како силна и долготрајна. На овој начин кажувате „Не сум сама, сакана сум, потребна сум некому и ценета сум.“ Ако имате премногу вакви фотографии на профилот, запрашајте се зошто ви е потребно тоа и што сакате да кажете со толку многу фотографии. Можеби сакате да му докажете нешто на бившиот или да победите во натпреварот со вашите пријатели?rn

4. Групни фотографии

rn

rnАко повеќето од вашите фотографии се од забави или дружби, каде што покажувате колку многу се забавувате со пријателите, тоа може да биде знак на внатрешна празнина или осаменост. Исто така може да значи дека припаѓањето во некој група му ласка на вашето его.rn

5. Деца

rnОвде има две опции. Ако споделувате фотографии од вашето детство, тоа може да значи дека сте уморни од „возрасниот“ живот. Ова крие потсвесна желба за враќање во детството. Втората варијанта е кога споделувате фотографии од вашите деца, на тој начин кажувајќи „Јас сум мајка, и тоа е најголемото достигнување во мојот живот.“

Продолжува на следната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира