9 чудни начини за воспитување деца ширум светот

Сподели

Родителите низ целиот свет имаат различни начини за воспитување на своите деца, но едно нешто сигурно им е заедничко: Тие го посакуваат најдоброто за нив. Погледнете некои од најчудните традиционални начини за воспитување од различни култури.rn

Реклама

1. Мавританските родители плукаат во лицето на нивните деца

rnНародот Волоф од Мавританија сметаат дека нивната плунка ги зачувува нивните зборови, па затоа тие плукаат на новороденчињата за нивните благослови да останат на детето. Мајките обично плукаат на лицето, а татковците на ушите и потоа ја разнесуваат плунката низ целата глава за да му обезбедат благословен живот на детето.rn

2. Норвежаните ги оставаат децата да спијат надвор на температури под нулата

rnЧеста појава во нордиските земји е родителите да ги остават своите деца во количка пред ресторан на студен зимски ден додека тие уживаат во топол ручек внатре. Се верува дека ледениот свеж воздух ги прави посилни и отпорни на болести.rn

3. Мајките од Кенија не ги погледнуваат своите бебиња во очите

rnИако жените од Кенија се многу поврзани со своите деца, тие го тргаат погледот од нив во моментот кога детето и најмалку ќе се возбуди. Ова е нивен начин да ги научат децата да не бараат премногу внимание.rn

4. Родителите од Виетнам ги учат нивните деца да мочкаат кога ќе им се заповеда

rnСекогаш кога дете од Виетнам ќе покаже знаци дека му се мочка, мајките почнуваат да свиркаат. Додека да наполнат 9 месеци, децата учат да го поврзуваат тој звук со потребата за мочкање и се учат сами да одат во тоалет.rn

5. Мајанските родители ги бањаат нивните бебиња во студена вода

rnМајанските деца обично добиваат освежувачка бања во ладна вода пред да одат на спиење. Ова го прават со цел да ги заштитат од горештините и да им го одржат доброто здравје.rn

6. Финските бебиња спијат во картонски кутии

rnМајките во Финска традиционално добиваат кутија од државата која содржи корисни работи, вклучувајќи и тенок душек. Оваа кутија служи како прво креветче за бебето.rn

7. Јапонските деца јадат сè и никогаш не се здебелуваат

rnЈапонските родители, како и мензите во училиштата, многу внимаваат на дневните оброци на децата. Како резултат на ова, тие следат начин на исхрана богат со растенија и хранливи материи и никогаш не се прејадуваат.rn

8. Данските деца ги закачуваат нивните цуцли на дрво

rnВо Данска, кога децата ќе наполнат 3 години и ќе ја надминат навиката за цицање, тие ги оставаат своите цуцли на посебни дрва како збогување со нивните играчки за смирување.rn

9. Американските бебиња ја одбираат својата професија додека се многу мали

rnКако дел од ритуал, американските мајки поставуваат неколку играчки пред нивните деца штом ќе се појават првите запчиња. Првата играчка која ќе ја одбере детето би требало да ја предвиди неговата кариера. Книгата обично претставува професор, парите банкар, а ножот претскажува дека детето ќе стане доктор.

Погледнете и што би се случило доколку децата ги воспитуваа родителите.

Популарно

Може ќе ве интересира