КАФЕ ПАУЗА

Како да направите пролетно чистење на вашиот ум?

Како да направите пролетно чистење на вашиот ум?

Written by

in

,

Со доаѓањето на пролетта, сите почнуваме да го чистиме домот, да ги фрламе непотребните работи и да го средуваме шкафот, но забораваме да го направиме најважното нешто: Да го прочистиме нашиот ум. Пролетното чистење на умот ќе ви помогне да го почнете летото свежи и полни со енергија. Исто како што вашиот шкаф може да се наполни со непотребни работи, така и вашиот ум може да биде натрупан со негативни мисли. А нема ништо полошо од тоа да ја понесете сета таа негативна енергија со себе во најзабавниот период во годината.rnrnКако да направите пролетно чистење на вашиот ум?rnrnЗа да направите пролетно чистење на вашиот ум, треба да обрнете внимание на следниве 5 работи: Токсични врски и непотребна драма, лоши навики, негативни разговори, негативни мисли и физички простор. Ова можеби ви делува како голем залак и сигурно се прашувате како ќе успеете да го направите она што е потребно. Психотерапевтите советуваат да се фокусирате на вашето физичко здравје, да бидете благодарни, да започнете креативни проекти и да ги негувате позитивните врски. Сето ова звучи одлично во теорија, но праксата оди малку потешко.rnrnИ покрај тоа, сигурно сакате да се ослободите од зимскиот багаж и да го започнете летото со свежи погледи кон светот. Направете малку простор во мозокот со тоа што ќе се „откачите“ од негативните вибрации и од сите други нешта што ви прават гужва во животот, бидејќи тие навистина не ви се потребни. Ова се работите што треба да ги направите за го прочистите умот и да можете максимално да уживате во летото…rn

Медитирајте

rnСигурно ви е веќе смачено да слушате дека треба да медитирате, но ако вашиот ум е во хаос, вреди да се обидете. Истражувањата докажале дека доколку медитирате секој ден по 10 минути, тоа може да го промени начинот на кој реагирате на сѐ што се случува околу вас. Освен тоа, медитацијата може да ја зголеми вашата креативност, што е дополнителен бонус.rn

Вратете се во форма

rnПролетта е совршеното време за да почнете со вежбање, бидејќи физичката активност го покачува нивото на ендорфини во мозокот, што може да го подобри вашето расположение. Одберете вежби што вам ќе ви одговараат, без разлика дали станува збор за јога, танц, џогирање или пилатес. Што и да одберете, најважно е да се забавувате. Најефективните вежби се оние кои редовно ќе ги практикувате.rnrnКако да направите пролетно чистење на вашиот ум?rn

Одете боси

rnДали сте знаеле дека покривањето на стапалата е прилично нов тренд? Според истражувањето спроведено од страна на Националниот институт за здравје, низ историјата луѓето најчесто оделе боси или со обувки направени од животинска кожа. Тие спиеле на земја или на кожи. Преку директниот контакт или преку вдишувањето на честичките од животинските кожи што ги користеле како обувки или душеци, слободните електрони од земјата можеле слободно да навлезат во телото, а тоа го зголемува протокот на енергијата. Преку овој механизам, секој дел од телото можел да се изедначи со електричниот потенцијал на Земјата со што се стабилизирала функцијата на сите органи, ткива и клетки.rnrnДоколку се чувствувате истоштени од настаните што ви се случиле во текот на зимскиот период, можете да го подигнете вашето расположение и да ги смирите мислите со тоа што ќе одите боси во дворот или уште подобро на плажа.rn

Ослободете се од непотребниот товар

rnАко се чувствувате исцрпени од целата драма, токсични врски, пријателства и обврски што ве држат будни навечер и не ви дозволуваат да го извлечете максимумот од себе, време е да ја преработите вашата листа на приоритети. Имено, најдобро е да изработите листа на работи што треба да престанете да ги правите. За да постигнете успех, престанувањето со некои работи е исто толку важно колку и почнувањето нови работи. Употребете ги овие прашања за да ја направите листата: „Дали навистина сакам да го правам тоа?“ и „ Дали оваа личност ме прави среќен/а?“. Ако одговорите несигурно со „Понекогаш“, „Па, не знам“, „Онака“, тогаш најверојатно треба да престанете со тоа.rnrnКако да направите пролетно чистење на вашиот ум?rn

Ослободете се од лошите навики

rnСите имаме лоши навики чиј број се зголемува кога сме во стресни периоди од животот. Не ги носете со себе вашите лоши навики и во летото. Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но ако навистина сакате да се ослободите од нив, постојат три научно докажани начини за да го направите тоа. Клучот е да го промените начинот на размислување и начинот на кој зборувате за сопствените способности. Разбудете ја вашата љубопитност и излезете од секојдневните рутини кои се базираат на страв и монотонија. Почнете да живеете. Бидете љубопитно свесни за она што се случува во вашето тело и ум во секој момент од животот. На тој начин ќе можете да забележите кои навики ве исцрпуваат и ви влијаат негативно, за да можете да ги отстраните.rnrnАко се чувствувате беспомошно, обидете се секој ден да правите листа на благодарност. Бидете благодарни за тоа што наскоро ќе дојде лето, за тоа што имате прекрасни пријатели или за тоа што имате куче. Мислете на малите нешта што ви го прават животот убав и без оглед на сѐ имајте го највозбудливото лето досега!rnrnДоколку навистина сакате да направите пролетно чистење на умот, прочитајте како да се ослободите од негативните мисли.